Голем судир во Милан, Малдини се скарал со сопствениците на клубот

Според бројните пишувања на италијанските медиуми, денеска во Милано се одржал состанок помеѓу сопственикот на Милан, Гери Кардинале и директорот Паоло Малдини, кој не поминал најдобро.

Споменатото дуо имаат сосема различни визии за начинот на кој клубот треба да се развива во иднина.

Тензијата постои веќе некое време. Малдини во интервјуата претходно повтори дека е фрустриран од недостигот на средства за трансфери и ги повика сопствениците да вложат повеќе пари за да го направат клубот поконкурентен со остатокот од лигата, а со тоа и во Европа.

Кардинале бил во Италија на крајот од сезоната и денеска се сретна со Малдини, но Sky Sport Italia, Sportitalia и други известуваат дека средбата само дополнително ја ескалирала ситуацијата. Малдини бара поголема автономија и средства за да го зајакне тимот, додека главните луѓе на RedBird, Кардинале и извршниот директор Џорџо Фурлани, сакаат да ги намалат трошоците и да го надополнат актуелниот бизнис модел.

Посочуваат и дека кога Малдини добил трансфер буџет, најголем дел од средствата биле фрлени на Шарл Де Кетелаер, а Белгиецот не успеал да постигне ниту еден гол. Милан оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, но успеа да го обезбеди пласманот во следната сезона само благодарение на казната од 10 бода што Јувентус ја доби во Серија А, па Милан скокна на 4-то место.

Заев: Со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц

Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името, објави на својот профил на фејсбук Зоран Заев. 

Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот.

Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови.

Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме, стои во објавата на екс премиерто Зоран заев на фејсбук.

Роналдо е амбициозен да игра на Светското првенство во 2026 година

 Кристијано Роналдо има намера да игра и на Светското првенство во 2026 година, објави во понеделникот „Релево“.

39-годишниот напаѓач на Португалија планира да продолжи да настапува на највисоко можно ниво и дава најава за следното Светско првенство. Турнирот во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Кристијано Роналдо во моментов се подготвува со селекцијата на Португалија за ЕП 2024. Иберијците во првиот натпревар од групната фаза на турнирот во Германија ќе се соочат со Чешка.

Напаѓачот оваа сезона постигна 35 гола и даде 11 асистенции на 31 натпревар за Ал-Наср во лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо со португалскиот тим стана европски шампион во 2016 година. До денес, стрелецот учествувал и се пријавил на пет последователни Светски првенства, а своето деби на Светското првенство го имаше во 2006 година.

Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи

 Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на аџилакот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови.

Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија.

Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство.

Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати.

Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии.

Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.

притисни ентер