Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за 1 год. пораснал за 40% - Канал 5

Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за 1 год. пораснал за 40%

Во Македонија бројот на корисници на водечката светска платформа за размена на криптовалути „Binance“ е за 40 отсто повисок во споредба со 2023 година, а околу 11 проценти од македонската популација се корисници на крипто валути.

Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за 1 год. пораснал за 40%

Ова беше соопштено вчера во Скопје, во преполната сала на собирот за вмрежување што го организираше Binance, каде што присуствуваа повеќе од 400 луѓе заинтересирани да се сретнат со претставниците на Binance, да научат нешто повеќе за криптовалутите, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства.

„Успехот на Binance не беше ништо помалку од магија. Нашиот екосистем расте и горди сме што сме ја имаме довербата од корисници низ целата планета. Воедно, сметам дека е извонредно тоа што македонските граѓани одлично го разбираат криптото, особено ако се спореди со одредени држави од регионот“, изјави Сандро Слукан, маркетинг лидер во Binance.

Полина Бротиер, маркетинг менаџер во Binance, пред присутните го претстави eкосистемот на платформата за тргување, a акцент беше ставен и на тоа дека нивни топ приоритети се безбедноста и транспарентноста.

„Постојано организираме тренинзи, а фокусирани сме и на донаторски проекти, како на пример за поплавите во Босна и Херцеговина, за Украина беа изработени специјални крипто картички од Binance, помагавме и кога се случуваа поплавите во Италија. Освен што помагаме на многу луѓе во многу држави, се фокусираме и на едукативниот дел, преку формирање на Академијата Binance, која овозможува бесплатна и локална едукација за блокчејн технологијата. Таму се објавени 800 написи на 31 јазик, а корисниците имаат пристап и до бесплатни видео курсеви “, изјави Бротиер.

На големиот собир беше претставена и Angels програмата, каде што можеа да се слушнат и сведоштва од корисници во однос на вмрежувањето, организирањето тренинзи, настани и вебинари кои овозможуваат корисниците да го продлабочат своето знаење за берзата за размена на криптовалути.

Стотиците учесници на собирот воедно имаа можност да учествуваат во наградна игра и да го тестираат своето знаење за Binance, како и можност да разговaраат со претставниците на најголемата платформа за тргување со криптовалути.

Вчерашниот собир беше уникатна можност на едно место да се соберат крипто-ентузијастите, експертите од оваа индустрија и инвеститорите заинтересирани за дигиталните средства и за блокчејн технологијата.

Според годишниот извештај на Binance за 2024 година, платформата има над 260 милиони регистрирани корисници до крајот на годината, што ја истакнува значајната експанзија и популарност на оваа платформа во крипто индустријата.​

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

притисни ентер