3Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември
3 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
АвтомобилизамГолем скок на продажбата на автомобили во ЕУ, еден сегмент бележи невиден раст Според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), во јули во Европската унија се регистрирани 914.680 нови патнички автомобили, што е значително зголемување во споредба со минатата година.Сепак, развојот на најголемите пазари е мешан. Шпанија забележа раст од 17,1 процент, Германија 11,1 процент, додека Франција забележа намалување од 7,7 проценти, а Италија намалување од 5,1 процент. Најголемиот раст дојде од сегментот на електрични возила на батерии, каде што регистрациите скокнаа за 39,1 процент во споредба со јули минатата година. Шпанија предводи со неверојатен раст од 127,1 процент, додека Германија (58,6 проценти), Франција (14,8 проценти) и Холандија (10,2 проценти) исто така забележаа значителни добивки. Електричните автомобили го менуваат пазарот Во јули, хибридно-електричните возила (HEV) имаа најголем пазарен удел со 34,2 проценти, додека бензинските автомобили учествуваа со 27,2 проценти, а електричните возила на батерии (BEV) со 15,6 проценти. Хибридите со плагин и дизел возилата учествуваа со по 10 проценти. Од јануари до јули 2025 година, вкупните регистрации на патнички автомобили во ЕУ се намалија малку за 0,7 проценти, но бројот на возила на батерии се зголеми за 12,5 проценти, на 1,01 милиони единици. Трите најголеми пазари - Германија, Белгија и Холандија - заедно учествуваа со 60 проценти од сите регистрации на BEV во ЕУ во првите седум месеци.Тагови: автомобили ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долгСе потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации. Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП. Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери. Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари. Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра. Од повеќе пари народот не добива ништо. Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите. Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените. Ништо нема за народот, само нови долгови. Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Крапош: Подобрување на условите во предучилишните установи Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание.Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика , демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници од министерството, ЗЕЛС, градоначалници и претставници од општините, а беше разговарано за реновирање/адаптација и опремување на неискористени училишни/општински простории и нивно пренаменување во групи во други просторни услови. На состанокот беше ставен акцент на две главни теми и тоа јавниот повик со фокус на руралните средини и втората тема се однесуваше на отворање на младински канцеларии во рамки на општините. Покрај различните теми за кои се дискутираше, стана збор и за недостатокот од соодветен персонал во градинките и давање на согласности за вработување заради соодветна кадровска екипираност на тимовите. Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание и создавање подобри услови за децата и нивните семејства. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Крапош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАргентинската фудбалска асоцијација организира специјален викенд за Меси Аргентинската фудбалска асоцијација со посебна чест кон нивниот лидер Лионел Меси.Асоцијацијата со сценарио за сите натпревари што ќе се играат овој викенд во Аргентина. Сите натпревари ќе бидат прекинати во десеттата минута и сите актери на теренот и публиката ќе можат со овации да изразат благодарност за придонесот на Меси во националниот тим. Асоцијацијата веќе испратила писмо до сите клубови со кое тие добиле инструкции за најавениот потег, а паузата која ќе трае една минута и треба да биде одбележана и на натпреварите во футсал и фудбал на плажа. Предвидената минута за правење пауза е поврзана со бројот на дресот кој го носеше Меси, а тој се повлече од националниот тим како рекордер според бројот на настапи и бројот на постигнати голови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00