Директорот на Мерцедес за одлуката на ЕУ: Ако не се запре, ќе се забиеме со полна брзина во ѕид - Канал 5

Директорот на Мерцедес за одлуката на ЕУ: Ако не се запре, ќе се забиеме со полна брзина во ѕид

Извршниот директор на „Мерцедес-Бенц“, Ола Каелениус, изјави дека забраната за производство на нови возила со мотори со внатрешно согорување што ЕУ планира да ја воведе во 2035 година би можела да биде катастрофа .

Директорот на Мерцедес за одлуката на ЕУ: Ако не се запре, ќе се забиеме со полна брзина во ѕид

Извршниот директор на „Мерцедес-Бенц“, Ола Каелениус, изјави дека забраната за производство на нови возила со мотори со внатрешно согорување што ЕУ планира да ја воведе во 2035 година би можела да биде катастрофа за европските производители, кои веќе работат во тешки услови.

Поддржувачите на забраната тврдат дека таа е клучна за зелениот план на Европа, додека критичарите веруваат дека тоа ќе донесе дополнителни проблеми во европскиот автомобилски сектор, кој веќе се „бори“ со слаба побарувачка, жестока кинеска конкуренција и слаба продажба на електрични возила. Планот ќе биде разгледан во втората половина од годината, забележува „Ројтерс“.

„Ако не се зафатиме со работа, ќе удриме во ѕид со полна брзина“, рече извршниот директор во интервју за германскиот бизнис весник „Хандесблат“ објавено денеска, истакнувајќи дека многу европски производители би можеле да банкротираат ако Европската унија (ЕУ) го одобри планот за забрана.

Купувачите едноставно ќе купат автомобили со бензински и дизел мотори пред забраната да стапи на сила, рече Каелениус.

Наместо забрана, тој бара даночни олеснувања

Германскиот директор, кој моментално го води европското лоби за автомобили ACEA, повика на даночни олеснувања и поевтина електрична енергија на станиците за полнење за да се поттикне преминот кон електрични возила наместо забрана.

„Секако дека мора да спроведеме декарбонизација, но мора да го направиме тоа на технолошки неутрален начин. Не смееме да ја изгубиме од вид нашата економија“, рече Каелениус.

Германските производители на автомобили неодамна забележаа значителен пад на профитот. Така, консолидираната добивка на Mercedes-Benz во првата половина од годината се намали за 55,8 проценти во споредба со истиот период минатата година, на 2,7 милијарди евра.

„Околината во која работиме во моментов е исклучително сложена“, рече директорот, истакнувајќи дека производството на автомобили никогаш не било потешко.

Меѓу факторите што го отежнуваат работењето на Mercedes, Каелениус ги издвои американските царини, жестоката конкуренција на кинескиот пазар и долгорочната транзиција кон електрични возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер