Голем скандал ја тресе ирската национална ТВ - популарен водител добил поткуп од 345.000 евра - Канал 5

Голем скандал ја тресе ирската национална ТВ - популарен водител добил поткуп од 345.000 евра

Националниот радиодифузер во Ирска е вовлечен во вистинска драма поради тајните плаќања на славниот водител.

Голем скандал ја тресе ирската национална ТВ - популарен водител добил поткуп од 345.000 евра

The Late Late Show стана најгледаното шоу во Ирска. Приказните за познатите личности, тајните и лагите ја воодушевија јавноста, а некои сметаат дека тоа е најинтересното шоу кое РТЕ го има произведено.

Сепак, иднината на телевизијата сега е под знак прашалник. Телевизиската компанија моментално е потресена од серија скандали околу тајните плаќања на водителот Рајан Тубриди, кој го водеше The Late Late Show, пишува The Guardian. Откриено е дека Рајан добил 345.000 евра скриени исплати, покрај неговата редовна плата од 2017 до 2020 година.

YouTube video

Откритието предизвика бес кај претплатниците бидејќи РТЕ се финансира од нивните пари, а во последниве години телевизиските шефови даваа лажни изјави за платата на нивниот ѕвезден водител. Ирскиот премиер Лео Варадкар рече дека можеби се прекршени законите. „Некои од овие плаќања можеби биле на погрешната страна на законот“, им рече тој на новинарите.

Извршниот директор на телевизијата Ди Форбс е суспендиран минатата недела. Финансискиот директор Ричард Колинс прво одбил да открие колкава е неговата плата, а потоа рече дека не знае колкава е вистинската сума. „Мислам дека тоа е приватна работа. Не знам точно колкава му е платата.“ рече тој.

Кога беше притиснат да ја открие неговата плата, Колинс рече дека верува дека неговата плата е „околу 200.000 евра плус 25.000 евра додаток за автомобил“. Колинс рече дека даночните обврзници „можеби биле измамени“ поради непријавените плаќања на Тубриди и дека годишната плата на Рајан била повеќе од 500.000 евра.

Една недела пред откривањето на овој корупциски скандал, Тубриди објави дека се повлекува од The ​​Late Late Show. На негово место дојде комичарот Патрик Киелти, кој веднаш изјави дека за својата работа ќе добива 250.000 евра годишно и дека сам ќе си ги плаќа патувањата и сместувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учениците во Берлин ги блокираа училиштата- не сакаат задолжителен воен рок (ВИДЕО)

Студентите во Берлин ги блокираа влезовите на три средни училишта. 

Учениците во Берлин ги блокираа училиштата- не сакаат задолжителен воен рок (ВИДЕО)

Тие протестираа против евентуалното повторно воведување на задолжителен воен рок и побараа поголеми инвестиции во образованието. Десетици студенти се собраа рано наутро пред гимназијата Андреас во населбата Фридрихшајн, каде што го блокираа пристапот со канти за ѓубре.

Тие носеа транспаренти со пораки како „Стоп на регрутацијата и кратењата во образованието“, „Образование, а не војна“ и „Помали класи“. Протестни акции беа одржани и пред гимназијата Лајбниц во Кројцберг, а дел од студентите организираа поворка во близина на училиштето Елен-Кеј-Шуле.

Поддршка за протестите во Франција

Иницијативата „Школски штрајк против регрутирање“ објави дека главната цел на акцијата е да се побараат поголеми средства за образовниот систем и да се спротивстават на плановите за враќање на задолжителната воена служба.

Протестите, исто така, покажуваат солидарност со големите студентски протести во Франција, што е истакнато на транспарентот „Солидарност со Франција“. Дејствијата од петок се продолжение на настаните од почетокот на неделата, кога во понеделник учениците од Француската гимназија во центарот на Берлин го блокираа своето училиште за да ги поддржат протестите во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

„Браќа и сестри, да не дозволиме разликите да бидат посилни од она што не поврзува, да не дозволиме разочарувањата да бидат поголеми од надежта и да не дозволиме минатото да ја зароби иднината. 

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

„Нема да не прашуваат колку политички противници сме победиле, туку колку проблеми сме решиле и нема да не паметат по функциите што сме ги имале, туку по делата што сме ги направиле“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од завршниот митинг во општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори.

Мицкоски упати порака до родителите да се сетат на минатите години на власт на СДС кога учебници за нивните деца во училиште немаше и кога наставниците беа принудени да им диктираат лекции, за разлика од сега во период на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога сите учебници се доставуваат до училиштата уште пред почетокот на учебната година.

„Сакам да упатам порака и до пензионерите. Сетете се кога пред неколку години пензијата се зголемуваше за 100, 150, 200 денари и денеска кога во овие 24,25 месеци од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, платата на работниците и пензијата на пензионерите се зголемуваше линеарно повеќе од 7.000 денари. Сетете се дека и тоа не е можеби доволно, но е многу повеќе од тоа што се случуваше претходно“, рече Мицкоски.

Мојата порака вечерва, додаде Мицкоски, е и до земјоделците да се сетат кога власта предводена од СДС им должеше две годинишни програми, а денеска без ни малку срам и чувство на вина излегуваат во Собранието и предлагаат небулозни закони, закони коишто ниту тие коишто ги предлагаат не можат да ги разберат онака како што ги напишале.

„И, додека тие мислат дека ние сме го изгубиле помнењето и дека не се сеќаваме за тоа што се случило, ние мораме да излеземе во недела масовно и да го заокружиме бројот 1 за Цоки и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат“, порача Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме

Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме

„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница.

Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги.

„Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите“, посочи Мицкоски.

Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет.

„Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години“, потенцираше Мицкоски.

Економскиот развој, додаде Мицкоски, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка.

„Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси“, посочи, меѓу другото, претседателот Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер