Голем пожар во Тирана: Гори станбена зграда, има повредени (ВИДЕО) - Канал 5

Голем пожар во Тирана: Гори станбена зграда, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца пожарникари, беа повредени кога избувна пожар во станбена зграда во Тирана, во близина на болницата „Мајка Тереза“.

Голем пожар во Тирана: Гори станбена зграда, има повредени (ВИДЕО)

Засега не е познато како избувнал пожарот, кој брзо се проширил на целата зграда, а во операцијата за гаснење се вклучени и хеликоптери, кои летаат над областа и го гаснат пожарот од воздух.

YouTube video

Пожарот ја уништил целата фасада, а се вели дека станува збор за нова зграда.

На снимката се гледа како граѓаните се евакуираат преку противпожарни скали низ прозорец. Неколку постари лица живееле во зградата.

Густ црн чад може да се види од сите делови на градот, а два хеликоптери моментално се вклучени во операцијата за гаснење на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како најмалите се справуваат со температурните шокови?

Еден ден дваесетина целзиусови степени, следниот над триесет. 

Како најмалите се справуваат со температурните шокови?

Од јакна до кратки ракави за само 24 часа. Температурните шокови кои кај возрасните може да предизвикаат колапси и сериозни здравствени состојби, кај децата се манифестираат поинаку. Педијатрите во периодите на нагли скокови на температурата, особено кога има летни денови со многу високи температури и во пролет највеќе се загрижени за дехидрацијата кај децата. Д-р Мира Атанасова советуваат на отворено или за време на викенд кога голем дел од граѓаните одат во соседството на море, клучно е да се заштити кожата на децата и главчето - да носат капче.

Д-р Атанасова вели дека најчестата грешка што ја прават родителите кога е променливо времето, е што ги преоблекуваат децата за да не настинат. Реалноста е дека кога на возрасниот му е топло, топло му е и на детето.

Педијатрите велат дека родителите треба да бидат свесни дека децата имаат двојно поголема потреба од течности, и за полесна облека за разлика од возрасните. Периодов во ординација најчесто се доаѓа на преглед поради вирусни инфекции, најчесто респираторни, ама и стомачни вирози. Педијатрите алармираат да се внимава и со храната за да се избегне труење, кое кај помалите деца може да биде и опасно ако не се реагира на време.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку дена не работи апликацијата „Мој ДДВ“, УЈП тврди дека станува збор за технички проблеми

Наместо успешно скенирана сметка, граѓаните веќе неколку дена при обидот да ги скенираат фискалните сметки, добиваат известување дека апликацијата нема конекција со УЈП.

Неколку дена не работи апликацијата „Мој ДДВ“, УЈП тврди дека станува збор за технички проблеми

Ова е уште еден во низата проблеми со конектирањето на граѓаните со оваа популарна алатка кај граѓаните.

Од Управата за јавни приходи велат дека станува збор за технички проблем, но засега не откриваат што точно го предизвикало прекинот, ниту кога апликацијата повторно ќе биде целосно функционална.

-Ве информираме дека апликацијата Мој ДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање.Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата, се вели во кусото соопштение од УЈП.

Проблемите со УЈП не се новина, во изминатиот период имаше и доцнења со исплатата на повратот на данокот што предизвика незадоволство кај корисниците. Иако во јавноста постојано излегуваат информации дека проектот можеби ќе се укине, министерката за финансии и директорката на УЈП секогаш го демантираа тоа, но нагласуваа дека МОЈДДВ според нив, не ги дава очекуваните резултати. Средствата од тековното тромесечје инаку, треба да се исплатат во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот кој завршува на крајот на месецов.

Од СДСМ реагираат дека блокадата на апликацијата за поврат на ддв не е случајно, туку последица на како што велат, празната државна каса.

- Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните. Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните. Ова е уште еден доказ за тоа како функционира оваа власт. Наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицковски и неговата банда ја доведоа државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани.

Во меѓувреме, додека апликацијата МОЈ ДДВ се соочува со проблеми со функционирањето, од УЈП објавија нова листа на должници. Според податоците кои ги објавија, станува збор за над 5 илјади физички и правни лица кои должат речиси 13 милијарди денари данок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец  е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања со оглед на тоа дека условот за уставни измени за нас останува, оценува аналитичарот Петар Арсовски. Меѓутоа таа ќе донесе порака од Брисел дека проширувањето на Унијата е жив процес, додава Арсовски.

-Преговарачката рамка најверојатно ќе остане фиксна, можеби некаква интерпретација можеме да добиеме или потстрег и мислам дека тоа е главната порака на Комесарката – еден потстрег во рамки на сегашните можности за забрзување на евроинтегративниот процес. - Петар Арсовски, аналитичар

Според Арсовски, нон-пејперот на Мерц и Макрон кој се дискутираше во Тиват а според кој земјите кандидатки забрзано би се интегрирале за време на пристапните преговори, може да е тема на дискусија за време на посетата на Кос во Македонија.

-Имајте в предвид дека таа идеја за бенефитите, да не се чека крајот на преговарачкиот процес, туку постепено да се реализираат додека трае преговарачкиот процес. Имајте в предвид дека Македонија не е во преговарачкиот процес во моментов. Така што дури и да се прифатат сите идеи на Мерц и Макрон, тоа за на нас ќе важи само доколку ги одблокираме преговорите, носејќи ги уставните измени. Условите и мерит системот за преговорите не може да се смени, но можеме доколку се качиме на овој воз, можеме да почуствуваме дел од бенефитите на новата методологија. - Петар Арсовски, аналитичар

Тоа што утре Украина и Молдавија ќе започнат со отварањето на преговарачките поглавја, кај нас ќе создаде поделени чувства, оценува Арсовски. За едни тоа ќе создаде притисок за забрзување на евроинтегративниот процес, додека кај оние кои веќе скептично се однесуваат кон ЕУ, ќе иницира дополнително негодување сметајќи дека ЕУ не ги исполнува своите ветувања, посочува Арсовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер