Голем пожар во пристаништето во Анкона,затворени училиштата и парковите (ВИДЕО)

Голем пожар го зафати ноќеска и утрово пристаништето Анкона. Нема жртви или повредени, но материјалната штета е значителна.

Чадот навлезе и во поширокиот центар на градот.Сè уште несвесни колку може да биде отровно, општинските власти им порачаа на граѓаните да ги држат прозорците затворени и ги затворија сите образовни институции, од градинки до универзитети, како и парковите и игралиштата на отворено.

Општинскиот шеф на цивилна заштита Стефано Фореси бара населението да се движи што е можно помалку на отворено се додека здравствените власти не објават што е пронајдено во атмосферата на Анкона. Градоначалничката Валерија Манчинели на Фејсбук напиша дека според првите сознанија нема опасност од загадување на воздухот, но дека општинската администрација се одлучила за претпазливост.

Пожарот го блокира пристаништето до ново известување. Пожарот избувнал околу 0,30 часот во еден од магацините во поранешната сала Тубимар на пристаништето Војтица, во област што ја користела поморската група Фрители и каде што стоката се чува привремено за да се натовари или да се истовари, пред да се пренесе до дестинациите. Пожарот се прошири во областите што ги користат клучните поморски агенции, , а е спречено е ширење на пожарот кон Сол, со простории за складирање на гас, на само стотина метри.

Околу 0,45 часот избувнале три силни експлозии што ги разбудија граѓаните. На шеснаесет противпожарни единици од Анкона, Мацерата и Пезаро требаа околу шест часа да го лоцираат, а дури 12 часа не беа доволни за да се изгасне.

Пожарникарите претпоставуваат дека пожарот избувнал поради краток спој на соларните ќелии што го покриваат целиот покрив на складиштето од 45.000 квадратни метри, поранешната фабрика во Тубимар, поделена во неколку магацини. Оттаму зафатил пратка со пенаста гума за арапските земји, соопштија карабинерите.

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

притисни ентер