Голем љубовен хороскоп за март:Што ви предвидуваат ѕвездите во романтичниот живот? - Канал 5

Голем љубовен хороскоп за март:Што ви предвидуваат ѕвездите во романтичниот живот?

Март 2018 ќе биде возбудлив месец кој ќе донесе новини во различни сфери од животот. Погледнете што ве очекува во третиот месец од година на полето на љубовта.

Голем љубовен хороскоп за март:Што ви предвидуваат ѕвездите во романтичниот живот?
Овен – Првата недела ќе биде здодевна, но вашата љубовна среќа почнува да расте од 8 март. Ќе имате среќа во љубовта, заба и хармоничен однос. Последната декада може да ви донесе големи задоволства.
Бик – Во март 2018 година припадниците на овој знак може да сметаат на голема среќа која ќе трае се до ноември. Првата половина месецот ќе биде исполнете со задоволства, а вашиот среќен циклус во љубовта исполнет со анализи, процеси, премислувања, комплицирани ситуации и неочекувани пресврти ќе трае се до ноември.
Близнаци – Во првиот дел од март ќе станете посебно активни кога станува збор за љубовниот живот. Подготвени сте да преземете иницијатива, да делувате, да носите одлуки и да се потрудите да бидете партнер каков што секој посакува. Овој месец е поволен за љубов, забава, уживање и заеднички цели кои лесно ќе ги остварувате со партнерот.
Рак – Љубовниот живот ќе го сфаќате сериозно, а во тоа се вклучени обврските или можеби справување со тежок период. Работите стануваат појасни во вториот дел од месецот кога работите ќе дојдат на свое место и ќе се отворат нови можности. Со други зборови, иако во овој месец ќе има компликации, проблемите може да се решат и добро ќе ви оди нивното решавање.
Лав – Во текот на првиот дел од март 2018 година очекувајте силен еротски набој и разгорување на страстите. Ќе ве води жедта по авантури и освојување, па може да влезете во авантури исполнети со страст, но не без ризик од турбулентни последици. Март 2018 година е возбудлив месец и ќе имате чувство дека сте во рај, но тоа повеќе се однесува на љубовта поради самата љубов, не на брак или долга врска – тука има малку помалку среќа.
Девица – Првите две декади од март се ветувачки. Во љубовниот живот ве очекува задоволство, одлична комуникација, дружење, можеби краток пат и остварување на некои заеднички цели поврзани со пари или можеби заедничко живеење. Сексуалноста ќе ви биде динамична (можеби дури и турбулентна) во вториот дел од месецот.
Вага – Март 2018 година ви носи доста емотивно отворање и поголема потреба со саканата личност да ги споделите чувствата, мислите, впечатоците или информациите. Во последната декада од март ќе биде уште повеќе насочени кон партнерот. Желбата за уште поголемо зближување ќе биде уште посилна.
Шкорпија – Март 2018 година е романтичен месец. Ќе имате среќа во љубовта и ќе зрачите со шарм. Првата недела е извонредна, а ќе имате впечаток дека постои поврзаност помеѓу вашиот љубовен и професионален живот. Тоа може да резултира со вљубување во некој колега или колешка или во надредена личност, на пример.
Стрелец – Март за вас ќе биде месец исполнет со голем потенцијал за вашиот љубовен живот. Овој месец е полн со сензации, доживувања и настани. Сега може да искусите нова љубов или да почувствувате како старата љубов се продлабочува и се разгоруваат старите страсти. Можете да искусите невидено исполнување или да експериментирате на нов начин во спалната соба. Во вториот месец може да дојде до некакви компликации.
Јарец –Месец март ќе биде исполнет со освежување, романтично расположение и апетит за флертови и експерименти. Во некои случаи тоа може да биде знак на емотивна нерамнотежа. Ќе ве привлече партнер кој е зборлест, снаодлив и љубопитен. Комуникација и ментална компатибилност играат важна улога воизборот на партнерот, како и позитивен напредок во врска. На патување би можеле да запознаете љубов или ќе појдете на пат поради љубовта. За двојките кои се во подолга врска март ќе биде месец на добро функционирање, обрнување внимание еден на друг и на инвестиции во домот.
Водолија – Март ви носи значајни средби, патувања кои може да бидат важни за вашиот љубовен живот, потенцијални врски може да бидат родени како резултат на размена на впечатоци и идеи втемелени на сличности во размислување или заеднички интелектуални цели. Овој месец е важен за вашиот љубовен живот. Ќе доживеете незаборавни чувства но и ќе почувствувате како материјалните интереси влијаат на врската.
Риби – Првата недела од март 2018 година е добра за љубовта. Ќе доживеете голема среќа, задоволство, исполнетост и хармонија во љубовниот живот. Тоа чувство ќе го задржите до крајот на месецот, а по 7 март романтичната атмосфера ќе биде смената од нешто поинаква атмосфера 0 љубовниот живот ќе се преплете со материјалните, а можеби и професионалните интереси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек.

Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции.

„Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ.

Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи.

Во образложението на жирито се истакнува:

„Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“

Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ.

Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ.

Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања.

На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери.

„Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции?

Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство.

Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија.

Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси.

И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси.

Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари.

Има голема разлика, не сме сите исти.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер