ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за Гостивар
1ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за Гостивар
ФудбалГолем интерес за билети за СП 2026Иако до почетокот на Светското првенство 2026 година има уште девет месеци, меѓу фудбалските фанови низ целиот свет постои голем интерес за билети, што се гледа од бројот на апликации поднесени за првата фаза од продажбата.Во првите 24 часа, пристигнале 1,5 милиони апликации од целиот свет, објави денеска ФИФА. Најмногу апликации за билети се пристигнати од САД, Мексико и Канада, кои се домаќини на светскиот настан, по што следат навивачи од Аргентина, Колумбија, Бразил, Англија, Шпанија, Португалија и Германија. Кој ќе добие шанса да купи билет ќе се одлучи со жрепка, а апликациите за првата фаза од продажбата на билети можат да се прифаќаат до 19 септември. Сите апликации имаат подеднакви шанси да бидат извлечени во жрепката, без оглед на тоа кога се поднесени. Навивачите ќе дознаат дали имале среќа во жрепката на 29 септември и ќе имаат рок до 1 октомври да купат билети. Натпреварите од Светското првенство во 2026 година ќе се играат во 11 американски градови, два канадски (Торонто, Ванкувер) и три мексикански (Мексико Сити, Гвадалахара, Монтереј). Бројот на учесници на Светското првенство е исто така зголемен, од 32 на 48 национални репрезентации.Тагови: билети СП 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за ГостиварСкандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери.Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани. За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат одговори на граѓаните кои со право бараат како дошло до ваква состојба и зошто институциите не реагирале навреме. Јасно е дека кога станува збор за нивните функционери, СДС, ДУИ и Таравари применуваат двојни аршини, едни критериуми за политичките противници, а сосема други за сопствените кадри. Таквиот пристап ја поткопува довербата на граѓаните во институциите и испраќа порака дека партиската припадност е поважна од одговорноста. Додека локалната власт доцнеше со реакција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни активности за справување со состојбата и заштита на јавниот интерес. Граѓаните имаат право да очекуваат целосно расчистување на случајот, утврдување на евентуална одговорност и преземање мерки за вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Никој не смее да биде заштитен или привилегиран поради политичка припадност. Граѓаните очекуваат одговорност, транспарентност и навремена реакција, а не политички изговори и селективни критериуми. Време е СДС, ДУИ и Таравари да престанат да ги штитат своите функционери и да покажат дека интересот на граѓаните е пред партискиот интерес. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоранешниот претседател на ФФМ Мухамед Сејдини е пуштен од притвор и ќе се брани од слободаПоранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Мухамед Сејдини е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода, информира неговиот адвокат Шкодран Алили во објава на фејсбук.Алили упати благодарност до сите поддржувачи кои покажале солидарност во изминатите три месеци. Pоранешниот претседател на ФФМ се сомничи за проневера на 700 000 евра доделени од УЕФА за развој на фудбалот во Mакедонија, како и за злоупотреба на функцијата. Средствата биле наменети за извршување градежни работи на стадионот во Oхрид. Pо парламентарните избори во 2024 година си поднесе оставка на функцијата. На негово место во претседателската фотеља на ФФМ седна Масар Омерагиќ.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ФудбалЈирген Клоп станува селектор на Германија?!Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која трофејниот тренер Јирген Клоп ќе биде претставен како нов селектор на германската репрезентација и наследник на Јулијан Нагелсман. Германската фудбалска асоцијација (DFB) ги покани новинарите на конференција во четврток наутро, но без да наведе конкретна причина за собирот. Пред официјалното соопштување, одлуката сè уште треба формално да ја потврдат властите на Унијата. Во петок наутро, членовите на комисиите на DFB ќе одржат дигитален состанок, по што назначувањето треба официјално да биде потврдено. Според информациите од германскиот весник „Билд“, покрај Клоп, на конференцијата ќе присуствуваат и претседателот на DFB, Бернд Нојендорф, претседателот на Бундеслигата и потпретседател на Федерацијата, Ханс-Јоахим Вацке, како и портпаролката на DFB, Франциска Вила. Клоп во репрезентацијата ќе доведе и неколку луѓе со кои веќе соработувал во текот на својата успешна кариера. Неговиот долгогодишен соработник Петер „Пит“ Крајвец ќе биде дел од стручниот штаб во улога на помошник-тренер. Тука ќе бидат и Пеп Лајндерс, поранешен член на тимот на Клоп во Ливерпул, како и поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Свен Бендер, познат по прекарот „Мани“. На почетокот на јули, Бендер го раскина договорот со регионалниот лигаш Унтерхахинг по двегодишна соработка. Клоп би требало да потпише договор што ќе важи до Светското првенство во 2030 година. Преземањето на германската репрезентација е можно и благодарение на договорот со неговиот претходен работодавач, компанијата „Ред бул“, каде што ја извршуваше функцијата глобален директор за фудбал со мандат до 2029 година.Тагови: Клоп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook