Годишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4% - Канал 5

Годишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%

2,6 проценти изнесува инфлацијата во август на годишно ниво, додека во однос на јули трошоците за живот се зголемиле за 0,4%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Годишна инфлација од 2,6% во август, на месечно ниво инфлацијата изнесува 0,4%

Најголем месечен раст има кај рекреацијата, спортот и културата – 3,1 процент, потоа кај рестораните и услугите за сместување – 2,5 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,5 проценти. Намалување има кај транспортот за 0,8 и кај облеката и обувките за 0,3 проценти.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши засега не најавува нови мерки, но вели состојбата со цените постојано се следи од ДПИ, а доколку се утврдат неоправдани поскапувања на прехранбените производи, вели дека Владата ќе ги употреби механизмите што и стојат на располагање.

- Сите механизми што ги имаме, административни механизми што ќе ги имаме на располагање ќе ги употребиме. Ако има девијантно однесување или ако има зголемување на цените на прехрамбените производи од страна на трговците без економско оправдано, како сме постапиле во минатиот период, така ќе постапиме и во наредниот период.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд

Во меѓувреме, под лупа ќе биде ставен другиот крај од синџирот - откупот на земјоделските производи. Министерството за земјоделство неделава ќе побара проверка од Комисијата за заштита на конкуренцијата за состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и други производи. Ќе се утврдува дали меѓу откупувачите има недозволено усогласување, злоупотреба на пазарна моќ или нефер трговски практики. Дурмиши вели дека нема лични сознанија за картелско здружување меѓу откупувачите, но очекува санкции доколку се утврдат прекршувања.

- Многу добро постапиле што ја известиле Комисијата за заштита на конкуренцијата и врз основа на тие информации Комисијата врз основа на законските рамки ќе излегува на терен и ќе прави контроли и ќе ја провери ситуацијата. Ако е стварно така, исто како минатиот пат како што реагиравме кога се здружија картелски четири најголеми трговци во нашата земја и им напишавме нели казни за тоа здружење што го направија и нормално дека влијаеле во пазарот.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд

Инаку, на годишно ниво, најголем раст на трошоците има кај алкохолните пијалаци и тутунот – околу 9,4 проценти, а потоа кај рекреацијата, спортот и културата – 8,7 проценти. Повисоки трошоци во однос на август лани има и кај образованието, рестораните и услугите за сместување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се закани со ново оружје

Иран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.

Иран се закани со ново оружје

Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД.

-Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник.

Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер