Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација
2Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотГодинава беше рекордно жешка , прогнозите за следната се застрашувачки Трендот на глобалното затоплување, за кој се зборува последните неколку години, ќе продолжи и во 2020 година, кога температурите повторно ќе бидат за еден степен повисоки од оние во прединдустриското време.Според Met Office, националната служба за временски услови на Велика Британија, 2020 година најверојатно ќе биде за 1,11 степени Целзиусови потопла од просечните температури помеѓу 1850 и 1900 година, пренесува BBC. Годината што претстои е шеста во континуитет на најжешки години досега. Научниците велат дека емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина е одговорна за порастот на температурата. Светот за прв пат ја надмина прединдустриската температура за еден степен во 2015 година и од тогаш не се врати на старите вредности. Најжешката година досега беше 2016 година, кога Ел Нињо направи значителна разлика. Овој временски феномен ја зголеми температурата на морето во централниот и источниот Пацифик и е поврзан со многу фактори ширум светот, вклучувајќи го и глобалното затоплување. Според Met Office, има мали шанси Ел Нињо да биде силен во 2020 година. Метеоролозите предвидуваат дека глобалната просечна температура ќе се искачи меѓу 0,99 и 1,23 степени следната година - во просек од 1,11 степени. Истражувачите велат дека клучен фактор ќе биде емисијата на јаглерод диоксид и другите гасови што влијаат на загревањето. Според нив, емисијата на јаглерод диоксид оваа година малку е зголемена. И покрај намалената употреба на јаглен, се зголеми за 0,6 проценти. Зголемувањето се должи на зголемената употреба на нафта и гас во 2019 година. Прогнозите направени за 2020 година се засноваа на она што се случуваше изминатите пет години. Во исто време минатата година, просечната температура во 2019 година беше проценета на 1,10 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриското време, а од јануари до октомври просекот беше 1,11 степени Целзиусови. Научниците се прилично загрижени затоа што ова просечно покачување на температурата трае веќе пет години, а тие стравуваат дека ако нешто значајно не се промени, ќе достигнеме застрашувачки 1,5 Целзиусови степени, што може да предизвика голем број негативни реакции на Земјата. На неодамнешниот самит на COP25 во Мадрид се разгледувале можните решенија за климатските промени и да се отвори патот кон Глазгов, каде претставници од земјите ширум светот ќе се сретнат следниот ноември за да излезат со заедничко решение за проблемот со глобалното затоплување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата?Кочанското обвинителство утрово побара судот во Кочани да и определи мерка притвор на Ива Михаилова, еден ден откако таа вчера заедно со својот адвокат побегна во Бугарија. Кочанското обвинителството утрово испратило допис до судот преку кој бара да и се определи притвор на Михаилова. -Надлежниот обвинител до судот утрово достави предлог за определување на мерка притвор за обвинетата. Тоа е она што обвинителството може да го направи во овој момент, иако судот може да постапува по службена должност. - Обвинителство Ова значи дека доколку судот одлучи да и одреди на Михаилова притвор, се отвора можноста МВР да распише меѓународна потерница за Михаилова. Меѓутоа, кочанскиот суд се уште ја нема донесено одлуката. Претседателот на Судот во Кочани, Спиро Борисов, во изјава за Канал 5, вели дека тие официјално од МВР за бегството на Михаилова биле известени утрово, а одлуката по предлогот на обвинителството допрва ќе треба да се носи. -Утринава во 09:40 е примено известувањето од МВР и доставено е до ОЈО Кочани, од каде беше доставен предлогот за определување на мерка притвор. Судот треба сега да одлучи за притворот, работиме со многу мал број на судии, но постапуваме ажурно. – Спиро Борисов, претседател на Основен суд Кочани Од МВР иако побаравме и натаму нема одговор како Михаилова и нејзиниот адвокат побегнале, ниту пак дали е во тек внатрешна истрагана МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова. – Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму. Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија.- Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна од по пристигнувањето во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен. Ова не е прв пат член на семејството Михаилови избега од Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокацијаБугарскиот амбасадор Жељаско Радуков повикан во македонското МНР за случајот Ива Михаилова. По најавата на бугарската претседателка Јотова дека ќе се сретне со обвинетата кога вчера избега од Македонија, и најавата од министерто за внатрешни работи дека е можно да и доделат и полцииско обезбедување, по дипломатски пат му укажале на Радуков дека таквиот потег е провокација. -На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи. Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. - МНР Радуков по средбата рече дека ја слушнал загриженоста на официјално Скопје, но сепак имаше разбирање за потегот на Михаилова, кој го нарече очајнички. Според него, нормална е и реакцијата на Јотова, иако потенцираше дека досега средба немало. На каков начин поминала граница, Радуков вели дека се уште немаат одговори ниту во Бугарија и се надева дека овој случај нема да наштети на билатералните односи меѓу двете земји. Од МНР соопштија дека како што најавија вчера, за случајот Ива Михаилова министерот Муцунски веќе ги известил европските институции и земјите членки, а во следниот период велат ќе реагираат и до други релевантни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возењеСите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter