Гоце Делчев се уште „камен на сопнување“ за историските комисии

Прашањата за средновековниот период и Гоце Делечев како небо и земја за бугарската и македонската страна на Комисијата. 

Иако дводневната средба во Софија се уште трае, ставовите на двајцата копретседатели искажани синоќа на Бугарската национална телевизија, навестуваат дека разговорите пропаднале уште пред официјално да завршат. И Димитров и Ѓоргиев соопштија дека нема договор за средниот век во учебниците по историја, зашто како што велат, различно го перцепираат периодот од 9 век, кога според бугарската историографија, бил создаден бугарскиот идентитет.

-Големото несогласување со нашите колеги е дека во 9 век и потоа, кога поголемиот дел од географска Македонија стана неразделен дел од бугарската држава во период од два века, се формира бугарската националност. Тоа нашите колеги не сакаат да го прифатат, вели Ангел Димитров, предводник на бугарската страна на Комисијата

-Формирање на таа бугарска народност ние не го спориме, но дека е формирана на целокупната територија и дека сите верски и идеолошки слоеви не влијаеле на тоа население да се формира на друг начин и да формира други идентитети, тука не се сложуваме, изјави Драги Георгиев, предводник на македонската страна на Комисијата

Денеска на маса е прашањето за Гоце Делчев, кое и Ѓоргиев и Димитров го осудија на неуспех, уште пред да ги почнат денешните разговори.

-Доколку оваа Коамисија инсистира да утврди дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, решение нема да има. Во тоа време не станува збор за „еден црно-бел свет" и не постоела јасна поделеност на бугарска или македонска свест, вели Ѓоргиев.

-Ако не се знае каков е човекот, не можеме точно да го оцениме неговото дело. Гоце Делчев сам кажал каков е. Тоа го кажало и неговото семејство, вели Димитров

Ова е девета и последна предвидена средба на мешовитата Комисија за годинава. Бугарскиот историчар Димитров вчера побарал до крајот на годинава да се одржи уште една.

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

притисни ентер