Го видела на паркинг сопругот кој исчезнал пред 10 години - Канал 5

Го видела на паркинг сопругот кој исчезнал пред 10 години

Сенди Џилет од Австралија го видела својот сопруг 10 години откако исчезнал од нивниот дом во Мелбурн, пренесува „Индепендент“.

Го видела на паркинг сопругот кој исчезнал пред 10 години
Сенди последен пат го видела Расел Џенкинс во септември 2006 година, кога после една расправија отишол во Вериба, гратче во близина на Мелбурн.

Мажот никогаш не се вратил, оставајќи ја сопругата со нивните две деца, четиригодишниот Итан и двегодишниот Чарли.

Расел официјално е прогласен за исчезнато лице, а полицијата никогаш не му влегла во трага.

Во текот на оваа година, госпоѓата Џилет заедно со децата се наоѓала на паркинг на еден шопинг центар во Саншајн Коуст – околу 1.600 километри оддалечен од нивната куќа – кога во еден автомобил го забележала својот сопруг.

„Секогаш верував дека е тука некаде. Но прилично се шокирав кога го видов. Не знам ни сама како да го објаснам тоа чувство – тоа што го видов целосно ме зашемети“ – изјавила за „news.com.au”.

„Бевме многу блиску. Не знам дали сфати дека тоа сме ние, но самото сознание дека го видов после толку време беше неверојатно. Можеше да ни пријде, но што би му рекле на некој што не бил во вашиот живот 10 години? – додаде таа.

Сенди наведува дека единствената причина поради која се одлучила јавно да ја изнесе својата приказна е тоа што нејзините деца не го виделе и слушнале својот татко ниту еднаш откако ги напуштил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер