Го ,,уловила” своето момче во неверство преку неговиот подарок за Божик - Канал 5

Го ,,уловила” своето момче во неверство преку неговиот подарок за Божик

Кога дечкото на американската спортска новинарка Џејн Слејтер и подари „Fitbit“ како Божиќен подарок, тој немал поим дека ќе зажали за гестот.

Го ,,уловила” своето момче во неверство преку неговиот подарок за Божик

Двајцата ги координирале своите активности, кои ги следеле преку часовникот со цел да се мотивираат еден со друг, и се испостави дека токму тоа го направи момчето да стане екс.

Една вечер, поточно на неговиот роденден, Џејн пристигнала на вратата на своето момче со балони. Бидејќи тој не бил дома и не и одговарал на телефон , таа почна да се прашува каде е. Подоцна забележала дека Фитбит-от покажува зголемената физичка активност на нејзиното момче. Бидејќи било четири часот наутро, не и било потребно да и нацрта што правел во тој момент.

"Моето поранешно момче ми подари Fitbit за Божиќ. Ми се допадна. Ги координиравме активностите за да се мотивираме. Не го замразив Fitbit-от додека една ноќ моето момче исчезна , а неговата физичка активност беше рекордна. Навистина посакувам оваа приказна да не беше точна “, напиша таа на Твитер.

Helping our girl get over the hump last night

A post shared by Jane Slater (@janeashleyslater) on

Тоа не е единственото момче што ја изневерувало.

"Бев со еден дечко кој се опијани и донесе друга девојка дома затоа што заборавил дека спијам кај него. Следното утро требаше да одиме во црква, па јас останав со него. Можам да напишам книга на оваа тема", додаде новинарката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите?

ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња?

Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард?

Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер