Го учел кучето да вози со брзина од 175км/час , поминал лошо (ВИДЕО) - Канал 5

Го учел кучето да вози со брзина од 175км/час , поминал лошо (ВИДЕО)

За време на полициска потера, стар Бјуик се движел со брзина поголема од 175 км на час, но вистинското изненадување дошло откако полицијата стигнала до возачот.

Го учел кучето да вози со брзина од 175км/час , поминал лошо (ВИДЕО)

Самиот факт дека тој избегал од местото на настанот била уште полоша за 51-годишниот возач. Откако добиле пријава дека бел Бјуик од 1996 година, удрил во два автомобила во Сиетл, полицијата го забележала автомобилот на 60 милји од местото на настанот. Тие се обиделе да го сопрат, но возачот избегал. После филмската потера, автомобилот конечно запрел, но дури откако возачот изгубил контрола врз возилото и слетал во ров. За среќа во несреќа, немало пешаци и велосипедисти, па дури ниту повредени, најмногу поради забраната за движење поради пандемијата на коронавирус.

Вистинското изненадување за полицијата дошло кога виделе дека возачот бил куче. Така тврдел 51-годишниот маж, изјави полицискиот службеник Хедер Акстман. "Во полицијата сум веќе 12 години и никогаш не сум го слушнала ова објаснување. Запирав многу брзи возачи во потерите , но ниеден возачот не рекол дека го учел кучето да вози", изјави Акстман за Си-Ен-Ен.

Возачот на Бјуикот е уапсен и обвинет за неколку точки од обвинението, вклучувајќи несовесно возење, возење под дејство на опијат и бегање од местото на несреќата, а неговото куче е конфискувано. Кауцијата е 8500 долари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Во Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот.

Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина.

Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината.

Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер