Го уапсиле на годишен одмор зашто носел дрес на Катар - Канал 5

Го уапсиле на годишен одмор зашто носел дрес на Катар

Британски фудбалски навивач е уапсен и затворен во Обединетите Арапски Емирати , зашто на годишен одмор го носел дресот на Катар.

Го уапсиле на годишен одмор зашто носел дрес на Катар

Британецот Али Иса Ахмад (26) , навивач на Арсенал , отпатувал во јануари во Обединетите Арапски Емирати на годишен одмор. Додека бил таму , добил влезници за фудбалски натпревар на Купот на Азија меѓу Катар и Ирак. Инаку целиот турнир се одигра во Емиратите и првото емсто го освои Катар.

Ахмад на натпреварот отишол облечен во дрес на Катар , не знаејќи дека тоа е забрането и се казнува парично и со затворска казна.На Ахмад му бил дозволен само еден телефонски повик , што го искористил да му се јави на пријател во Британија , кој побарал помош од Министерството . Таму му кажале дека двете земји не се во пријателски односи и секакво покажување на симбол на Катар се казнува.

Од тогаш не се јавил , а неговите пријатели и семејството се обидуваат да го спасат , зашто знаат дека само сакал да гледа фудбал , а политиката не го интересира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топови

Судири на улиците во Рим- Поставени контејнери во близина на Колосеумот; Полицијата интервенираше со водени топови.

Видео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топови

Најголемите собири се одржаа во Рим и Болоња, каде што во секој од овие градови се собраа повеќе од 50.000 луѓе.

Протести се одржаа и во Милано, Неапол и Торино, додека ученици и студенти се приклучија на демонстрациите во повеќе од 50 градови.

Синдикатот USB, кој го организираше овој ден на протестни активности, тврди дека до пладне во протестите низ земјата учествувале најмалку еден милион луѓе. Полицијата сè уште нема излезено со свои проценки. Поради страв од насилство, на улиците е распореден голем број припадници на безбедносните сили. Сепак, повеќето протести во текот на денот поминале мирно.

Мирољубивите протести, организирани од синдикатите и студентите во Рим, завршија, но потоа група демонстранти се собрале на брегот на реката Тибар и се обиделе да стигнат до центарот на градот, јавува СРНА, повикувајќи се на руската новинска агенција РИА Новости.

Полицијата со употреба на сила ги запрела демонстратните на мостот. Демонстрантите потоа се обиделе да стигнат до центарот на Рим по друг пат, но полицијата ги запрела и во вториот обид употребувајќи водени топови.

Ситуацијата во Рим дополнително се заостри, при што беа запалени контејнери и поставени барикади во близина на Колосеумот. Немирите избија по масовните протести низ Италија, за време на кои полицијата во неколку наврати интервенираше за да ги запре демонстрантите. Италија е потресена од насилни протести во текот на последните недели, а најтешките немири беа забележани во Милано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зелена агенда: Од национални политики до локални економски можности

Како националните зелени политики да се преточат во  применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на  Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“.

Зелена агенда: Од национални политики до локални економски можности

Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, кој денес се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Центарот за климатски промени.

Настанот обедини претставници на националните институции, локалните власти, планските региони и граѓанските организации, со цел размена на искуства за спроведувањето на Зелената агенда и разгледување на потребната поддршка за општините. Програмата ги поврза институционалните перспективи со практичните предизвици во локалното планирање, финансирање и реализација на зелените мерки.

Во рамките на првиот панел, „Од национални политики до локално дејствување“, дискусијата беше насочена кон националните приоритети, достапните алатки и ресурси и начините на кои институциите можат да им помогнат на општините. Беа разгледани и клучните наоди и препораки од Годишниот извештај од мониторингот на општините за спроведувањето на политиките поврзани со Зелената агенда за Западен Балкан.

Вториот панел, „Локални зелени приоритети како основа за инвестиции и економски раст“, ја насочи дискусијата кон искуствата на општините и можностите за партнерства и меѓуопштинска соработка. Во фокусот беа поврзувањето на зелените мерки со подобри јавни услуги, поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за одржливи инвестиции.

Општините имаат непосредна улога во областите што го обликуваат секојдневието на граѓаните: енергетската ефикасност на јавните објекти, управувањето со отпадот, заштитата на водите, воздухот и зеленилото. За долгорочна примена на овие мерки, препораките од мониторингот ја нагласуваат потребата од нивно поврзување со редовните општински буџети, зајакнување на стручните капацитети и воспоставување функционални механизми за соработка и отчетност.

Регионалниот форум се спроведе во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведен од Центарот за климатски промени заедно со партнерските организации, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Во текот на проектот, соработката со општините, планските региони, националните институции и граѓанските организации беше насочена кон следење на зелените политики и создавање основа за нивна поефикасна примена, со видливи придобивки за граѓаните и локалните заедници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. 

ДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица

Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.

Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто денес започна во 7 часот утринава.

Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер