Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
2Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
3Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотГо прекрила телото со тетоважи од почит кон својот татко (ФОТО)Приврзаноста што ја чувствува Надин Андерсон кон нејзиниот татко, ќе остане засекогаш обележано на нејзиното тело. Љубовта буквално е навлезена под кожата на оваа дваесет и тригодишна девојка , со скоро целото тело покриено со тетоважи.Таа како дете била фасцинирана од тетовираните раце на нејзиниот. "Посакав да имам и јас тетоважи на рацете. Изучував различни форми и стилови на тетовирање, така што првпат отидов во салонот станав полнолетна", објаснува девојката од шкотскиот град Данди. View this post on Instagram INK-REDIBLE!! Dundee care assistant has spent £15,000 covering 90 per cent of her body in tattoos. Nadine Anderson, from Dundee, has always been fascinated by tattoos and body modifications and has gone to painstaking lengths to achieve her look. “My dad had two sleeves when I was growing up and I always wanted them. I got into tattoos growing up always with the aim of getting them and then when I was eighteen, I went for it. “I was the classic daddy’s girl growing up, and seeing my dad covered in that I always knew I wanted to be like him and have all that kind of stuff. “As I grew up my interest in tattoos piqued more and more through the years until I was eventually, I hit eighteen and legally allowed to get a tattoo." Over the last five years Nadine’s look has evolved, adding numerous piercings, scarification on her head, and a split tongue - which she flew over to Germany to have done due to laws in the UK that prevent piercing parlours from carrying out the procedure. She says she’s lost count of how many tattoos she has as they all now make up her ‘body suit’ and have morphed into one large piece. But Nadine urged caution for others thinking about extreme boy art, saying: “I’m happy to give my advice about aftercare for tattoos. “But if they’re ever like ‘I want a blackout sleeve but I’m don’t know if I should’ then I always answer ’no’ because I think the moment you have an uncertainty then you shouldn’t do it. . . . . . #tattoos #inked #ink #tattooed #inkedGirls #inkedUp #girlsWithTattoos #tattooLife #dundee #nadineAnderson #loves_scotland #scotlandlover #scotland_lover #scotlandlove #visualsofScotland #igersScots #ig_scot #scotlandBeauty #iloveScotland #scotland4you #loveScotland💙 #scottishShots #unlimitedScotland #News #weLoveScotland #ScottishNews #ScotlandNews #ScottishSun #theScottishSun #ScottishSunInsta @devlin_616 A post shared by The Scottish Sun (@scottishsuninsta) on Jan 14, 2020 at 12:13pm PST Таа ја направила првата тетоважа на левата подлактица. Потоа, посакала да направи нова, така што набргу станала „зависна од мастило“. "Пораснав со татко ми, кој обожаваше тетоважи. Отсекогаш сакав да бидам како него и да го украсувам телото со мастило. Разговарав со него пред да ја направам првата тетоважа и тој да ми даде поддршка. ", вели Андерсон . Покрај огромните тетоважи кои опфаќаат околу 90 проценти од нејзиното тело, Андерсон има пирсинг на неколку места, истетовирано лице и искинат јазик. Контроверзната операција на асечење јазик е забранета во Велика Британија, па таа мораше да замине во Германија за интервенцијата, пишува Њујорк пост. Андерсон вели дека не ги памети сметките за менување на изгледот , но приближно потрошила 20 000 долари за да го „украси“ телото. Вели дека нема да застане тука. „Сакам да го наполнам делот под десното око. Моето тело е скоро целосно покриено со тетоважи, така што нема многу простор за нова работа“, објаснува Андерсон. View this post on Instagram #nadineanderson #black #tattoo #beautiful A post shared by Li8nnov (@li8nnov) on Jan 15, 2020 at 10:13am PST Јавноста е прилично шокирана од одлуката за промена на нејзиниот идентитет, но луѓето што ја сакаат , целосно ја прифатиле . "Некои луѓе мислат дека сум луда, но тоа е вистинската јас. На крајот на денот, јас сум сепак Надин, а тетоважите се составен дел од мојата личност", објаснува Андерсон и признава дека екстремниот изглед понекогаш предизвикува аверзија, но стереотипите не го нарушуваат нејзиното уживање во страста. "Ми кажуваат дека сум си го уништила животот, дека нема да најдам работа, ќе се покајам ... но вистината е дека ја работам мојата работа и немам егзистенцијални проблеми. Секоја тетоважа ја платив од сопствен џеб. Имам свој стан и живеам совршено нормален живот". објаснува Андерсон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
ТенисСинер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман. Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил. На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа: „Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“ На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик: „Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаПродлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развојПродлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој на административните службеници.Во рамки на официјална посета на Атина, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со високи претставници од Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА), на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и експертиза во областа на јавната администрација. На средбата присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Република Грција, г-ѓа Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, г-дин Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој на административните службеници, д-р Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, г-дин Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, г-ѓа Адамантија Манта. По билатералната средба се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција, со кој се воспоставува институционална рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација. Партнерство со ЕКДДА е од особено значење за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, чија цел е воспоставување современ и одржлив систем за континуирано професионално усовршување. Преку искуствата и експертизата на грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација, се отвораат нови можности за унапредување на наставните програми, развој на современи модели на обука согласно европските стандарди и јакнење на професионалните компетенции на административните службеници. „Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“ истакна министерот Минчев. Ова партнерство претставува уште еден значаен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, заснована на меѓусебна доверба, институционално поврзување и размена на добри практики. Преку ваквите иницијативи, Министерството за јавна администрација ја потврдува посветеноста за континуирано јакнење на административните капацитети и унапредување на јавните институции во интерес на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter