Го подигнала стариот тепих и вриснала во шок (ВИДЕО) - Канал 5

Го подигнала стариот тепих и вриснала во шок (ВИДЕО)

Следното видео стана вирално на TikTok, а илјадници корисници се воодушевени од откритието.

Го подигнала стариот тепих и вриснала во шок (ВИДЕО)

Ана одлучила да го замени стариот тепих, не знаејќи какво изненадување ја чека. На почетокот, ја гледаме како го крева, со пораката: „Кога првпат ја видовме куќата, агентот за недвижности рече дека можеби нешто посебно се крие под неа.“

„Се исплашив…“

Ана била решена да открие дали агентот е во право - и не се покаја!

Штом го повлече работ на стариот тепих, го виде зачуваниот паркет од даб, нареден како мозаик и подготвен за реставрација, објавува Newsweek.

„Всушност се плашев да го кренам тепихот, а сега ми треба мајстор“, објасни таа во шок.

@tippyandpeashouse I was actually terrified to pull this carpet up incase he was wrong! I need to hire a sander! #renovation #renovationproject #reveal #housemove #fy #homedecoruk #victorianhouse #periodproperty ♬ Free by Sault - Leela

„Вистински џекпот“

Гледачите беа воодушевени од откритието, нарекувајќи го „вистински џекпот“.

„Воа! Ана, сигурна сум дека ќе испадне прекрасно“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Навистина одлично откритие! Ќе биде прекрасно кога повторно ќе заблеска.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Четири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. 

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс.

Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг.

Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување.

Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините.

Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

 Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.

Одржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец

Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.

Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Будрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУ

Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер