3НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЖивотГо исполнил ветувањето:Пред смртта донирал 8 милијарди долари (ВИДЕО)Милијардерот Чарлс Фини, наречен Чак, ја исполни својата долгогодишна желба и го донира своето богатство во добротворни цели.Чак Фини, 89, основач на Duty Free Shoppers, вели дека не може да биде посреќен откако донира 8 милијарди долари. Во текот на својот долг живот, Фини бил филантроп кој често донирал пари во добротворни цели, и бил познат по ветувањето дека ќе ги донира сите свои пари пред својата смрт, што сега го исполнил. Бидејќи тој барал да донира најголем дел од своите пари анонимно во текот на целиот живот, го добил прекарот „Џемс Бонд на филантропијата“. Фини ја оснивал организацијата Atlantic Philanthropies преку која што донирал пари за разни намени во Австралија, Ирска, Јужна Африка, Виетнам, САД и Бермудите. Тој се залагал за идејата дека богатите треба да ги трошат своите пари за да направат што повеќе добро на светот во текот на целиот живот. Преку 38 години преку таа организација, тој донирал 8 милијарди долари на разни организации и поединци, и ја затвори на 14 септември. "Научивме многу. Можеби би направиле некои работи поинаку денес, но јас сум многу задоволен. Се чувствувам одлично поради тоа", изјави тој за Форбс. Уште во 2012 година, Фини откри дека заштедил два милиони долари за да обезбеди пензија за себе и неговата сопруга и дека планира сè друго да донира. "Не гледам причина за одложување на донацијата кога може да се направи толку многу. Покрај тоа, многу е позабавно да се даваат пари додека сте живи отколку да се даваат по смртта", рече тој минатата година. Неговата великодушност инспирирала други богати луѓе како Бил Гејтс и Ворен Бафет, кои во 2010 година започнаа кампања наречена Giving Pledge, која сака да ги охрабри екстремно богатите луѓе да донираат поголем дел од своето богатство во добротворни цели. Во моментов вклучува 210 лица, главно милијардери од 23 земји. "Чак им го трасираше патот на другите филантропи. Се сеќавам кога го запознав пред да се основа кампањата. Тој ми рече дека треба да ги охрабруваме луѓето да донираат повеќе од 50 проценти од своето богатство, да дадат што повеќе во текот на животот. Никој не беше подобар пример за тоа од него. Многу луѓе ми кажаа колку инспирација добиле од него. Навистина е неверојатно “, изјави Бил Гејтс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44