Го довеле во судница во скафандер , за веднаш да го осудат на смрт - Канал 5

Го довеле во судница во скафандер , за веднаш да го осудат на смрт

Кинеските власти на смрт го осудиле Лин Џианкаи за убиството на двегодишниот син на неговата девојка.

Го довеле во судница во скафандер , за веднаш да го осудат на смрт

За време на судењето, било утврдено дека Лин ја малтретирал својата жртва долго време и ја убил во 2019 година.

Според кинеските медиуми, убиецот на детето денеска дошол на суд во северозападниот град Сиан под целосна заштита заради коронавирусот. Покрај заштитната маска, тој носел и заштитно одело и очила.

Реконструкцијата на настанот открил дека Лин се преселил кај неговата девојка Ксу во текот на ноември 2018 година. Со нив живеело и нејзиното двегодишно синче, Танг Јуан.

Идилата траела до јули 2019 година, кога Ксу открила дека Лин постојано психолошки и физички го малтретира Танг. На кобниот 24 јули, Лин се вратил од работа под дејство на алкохол. Целосно надвор од контрола, избезумениот убиец со даска за сечење започнал да ги удира по главата својата девојка и нејзиниот син. Во неколку наврати, тој го фрлил малото дете во ѕидот со сета сила и постојано го удирал.

Потоа тој го удавил момчето во мијалникот во бањата и завршил со истурање на голема количина алкохол низ грлото, а во текот на целата ужасна епизода, мајката на Ксу претрпела тешки повреди.

Лин бил уапсен кратко време по инцидентот, а сега е прогласен за виновен пред судот и осуден на смрт, односно „лишен од политичкото право на живот“.

Засега е непознато кога ќе биде извршена пресудата. Мотивот е исто така непознат, но властите велат дека Лин бил доведен до ова застрашувачко злосторство од „тривијална работа“, без да откриваат детали, пренесува Дејли меил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер