Гнабри останува во Баерн до 2028 - Канал 5

Гнабри останува во Баерн до 2028

 Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен официјално објави синоќа дека го продолжи договорот со својот играч Серж Гнабри, кој ќе остане во баварскиот клуб до јуни 2028 година.

Гнабри останува во Баерн до 2028

„Гнабри е еден од најсилните столбови на нашиот тим. Тој освои сè, но сепак сака повеќе и тоа го прави вистински модел“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Гнабри ја почна кариерата во Арсенал, а потоа настапуваше за Вест Бромвич Албион и Вердер, пред да му се приклучи на Баерн во 2017 година.

„Воодушевен сум што потпишав нов договор“, рече Гнабри, кој зад себе има 311 настапи во дресот на германскиот гигант.

Баерн во моментов води на табелата во Бундеслигата со шест бодови повеќе од Борусија Дортмунд, на второто место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. 

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес

Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи.

Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското Министерство за надворешни работи да го релативизира случајот со тврдења дека станува збор за информации од подалечно минато, останува фактот дека во објавената нота се содржани конкретни податоци. Токму тоа е суштината на проблемот. Не е прашање дали информациите се од вчера или од пред одреден период, туку како доверлив дипломатски документ, кој содржи чувствителни безбедносни информации, завршил во јавноста.

Доколку податоците не биле точни, тогаш бугарските власти ќе можеа лесно и недвосмислено да го демантираат нивниот карактер и значење. Наместо извинување, тие се обидуваат вниманието да го префрлат на временската рамка на настаните, избегнувајќи да одговорат на клучното прашање зошто воопшто биле објавени информации што биле дел од доверлива дипломатска комуникација.

Бугарија се изјасни но Венко Филипче се уште молчи. Филипче секојдневно зборува за европски вредности, добрососедство и партнерство, но сега молчи и нема ниту еден збор за дипломатскиот преседан што го направи Бугарија. Нема реакција ниту за нарушувањето на довербата меѓу две држави, ниту за објавувањето на чувствителни информации кои не требало да бидат достапни за јавноста.

Филипче молчи за да не му се налутат бугарските соработници. Филипче и СДС молчат и тоа е познат образец на однесување секогаш кога станува збор за потези кои доаѓаат од официјална Софија.

Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија. Со тоа Филипче и СДС испраќаат порака на подготвеност за премолчување на постапки кои се спротивни на интересите на Македонија.

Овој случај е доказ дека на европскиот пат Македонија ќе се соочува со бројни предизвици, притисоци и обиди за наметнување на туѓи позиции. Токму затоа е потребно национално единство и јасна одбрана на државните интереси.

Овој скандал уште еднаш покажа кој е подготвен да ја брани Македонија, а кој е подготвен да молчи кога државата е нападната.

Македонија нема да се повлекува и нема да прифаќа понижувања. Националните интереси не се предмет на пазарење.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

5,33 евра награда за килограм опасна уловената риба во Грција

5,33 евра грчката влада ќе им исплаќа на грчките рибари за уловен за килограм за морската риба Лагоцепахалус, позната како риба зајак.

5,33 евра награда за килограм опасна уловената риба во Грција

Рибата прави голема штета на рибарите, односно поради силните заби ги оштетува рибарските мрежи, јадиците и другата опрема. Рибата во 2005 првпат била откриена кај Родос и Крит, дошла од Суецкиот канал и Црвеното Море, сака потопла вода, а со зголемувањето на температурата на морето, многу брзо се шири. Во наградата не се вклучени трошоците за ладење и уништување на рибите, што ќе ги покриваат локалните власти.

„Сакам да истакнам дека ова е првпат во Грција да се воведе ваква мерка, но ја спроведува министерството за земјоделство и храна во рамките на ограничените можности со кои располага. Мојата амбиција е оваа пилот-програма во иднина да се прошири и да ги опфати сите грчки мориња, во рамките на поширокиот еколошки пристап за заштита на морската средина“, објасни министерот за земјоделство Схинас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се финализираат измените на изборниот законик, велат од министерството за правда

Се финализираат измените на изборниот законик, а на вчерашната средба на работната група биле разгледани преостаните отворени прашања, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ и Одихр, информираа од министерството за правда.

Се финализираат измените на изборниот законик, велат од министерството за правда

Членовите на работната група размениле мислења по доставените предлози од политичките партии, при што било констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус.

Политичките партии во текот на денешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура, информираа од правда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер