GMC се пофали со ,,рак” перформансите на новиот Хамер (ВИДЕО)

По нешто повеќе од еден месец доаѓа сосема новиот Хамер.

И откако се појавија некои основни настапи и го видовме новото лого, GMC реши да не почести со уште една новина. Станува збор за т.н. "рак" режим на работа на погонот, кој дијагонално личи на начинот на движење на ракот. CrabWalk ја обезбедува ротацијата на задните тркала под истиот агол како и предните, што драстично ја менува подвижноста на возилото.

Да потсетиме, новиот Хамер ја носи ознаката ЕВ и носи електричен погон. Освен косо возење, останува непознато дали може да ги сврти тркалата за да може како Ривијан да направи т.н. Tank Turn вртење во место. Сè друго е тајна, па остануваат првите податоци за над 1000 КС и вртежен момент од 15.574 Nm, како и забрзувањето до 96 км на час за помалку од три секунди. Звучи дури и нереално за толку големо и тешко возило.

Триесет и три крвни единици дарувани во Кавадарци

 Крводарителите од Кавадарци и Росоман успешно одговорија на повикот на Црвен крст Кавадарци, да се дарува крв од крвната група нулта позитив поради нејзин дефицит на државно и локално ниво.

– Денес реализирани се 33 крвни единици од оваа крвна група. Крв се даруваше во кабинетот за трансфузиологија во Кавадарци. Респект и благодарност од името на болните на кои оваа течност им значи живот, нагласи Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Тој потсети дека кавадарчани и росоманци се меѓу најхуманите во државата, а општинската организација на Црвен крст секоја година го надминува планот за крводарувања.

Маричиќ – Галовеј: Обединетото Кралство ќе продолжи со силната поддршка за реформските процеси во Македонија

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата, министерот Маричиќ се заблагодарил за досегашната поддршка на Обединетото Кралство во досегашните напори на Македонија да изгради силни, транспарентни и ефикасни правосудни органи базирани на принципот на владеењето на правото.

-Министерот истакна дека овој мандат ќе се фокусира на подигнување на етичките стандарди, одговорноста и транспарентноста на судството и обвинителството како клучни предуслови за зголемување на довербата на јавноста во правосудството и изрази очекување дека Обединетото Кралство ќе продолжи со силната поддршка за реформските процеси во Македонија, информираат од Министерството за правда

Деспотовски на ЕУ конференција за иновации: Очекуваме ЕУ финансиски да го поддржи Регионалниот инвестициски фонд

Директорот на ФИТР, Јован Десптовски нагласи дека Македонија преку различни програми успеа значајно да ја зголеми поддршката за микро, малите и среди компани, но и да вложи во истражување и развој.

Иднината на иноваците и образованието, поддршката преку програмите на ЕУ, како и предизвиците и идните планови за Западниот Балкан беа во фокусот на панелот „Иновативна агенда за Западен Балкан" во рамки на Европски денови на истражување и иновации кои се оддржуваат онлајн од 22 до 24 септември.

На панелот учествуваат директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, министерката за наука на Црна Гора, Сања Дамјановиќ, Виктор Недовиќ од Министерството за образование и наука на Србија, директорот на Европскиот институт за иновации и технологија, Мартин Керн, советничката на премиерот на Албанија, Флоренса Хаџи и професорот Атанас Кочов од Машинскиот факултет во Скопје.

Панелот го отвори еврокомесарката за иновации, образование, истражување и млади, Марија Габриел која ги најави новите програми за поддршка од Европската Унија за Западниот Балкан преку Хоризонт 2025 и Еразмус плус, како и други инструменти наменети за долгорочно заздравување на регионот од кризата. Таа нагласи дека ЕУ останува посветен партнер на овие земји и дека во иднина треба да се работи заедно за да се привлечат што повеќе инвестиции, повеќе да се вложи во образование и градење на капацитети, да се поддржат стартап компаниите и да се креираат услови со кои на младите ќе им се даде инструмент како да ги развијат своите идеи во сопствените држави и да останат таму да ги спроведуваат.

Учесниците зборуваа за досегашните резултати од поддршката преку програмата Хоризонт 2025 и СМАРТ специјализацијата која се спроведува во сите земји, како и за идните планови за регионот. Сите говорници беа согласни дека е неопходен регионален пристап и развој на заеднички платформи за соработка за да се постигнат подобри резултати за сите земји.

Директорот на ФИТР, Јован Десптовски нагласи дека Македонија преку различни програми успеа значајно да ја зголеми поддршката за микро, малите и среди компани, но и да вложи во истражување и развој.

-С.Македонија постигна реален напредок во користењето на средствата од ЕУ за истражување и развој. Со националните програми во рамките на Фонд за млади умови веќе вложуваме во над 500 ученици од над 100 основни и средни училишта. Воведовме и нова програма – иновациски ваучери, целосно насочена кон универзитетите и нивното вклучување во економскиот развој. Системски градиме капацитети за привлекување на уште повеќе средства од ЕУ во следните години, рече Деспотовски.

Во делот на очекувањата за поддршката од ЕУ во наредниот период за Западниот Балкан, Деспотовски посочи дека „ЕУ треба да обезбеди финансиска поддршка за иницијативите кои доаѓаат од регионот".

-Тука би го издвоил Регионалниот инвестициски фонд, за што веќе е изграден концепт и консензус помеѓу државите од Западен Балкан. Со овој регионален фонд, очекуваме значителна поддршка во поттикнување на инвестициите во брзо-растечки бизниси од регионот, а со тоа и поттикнување на извозот кон ЕУ, како клуч на идниот развој, истакна директорот.

Сите говорници изразија подготвеност дека ќе работат на заеднички иницијативи со кои Западен Балкан ќе успее да искористи што повеќе средства од европските фондови кои ќе придонесат за економски развој на сите земји во регионот.

Европските денови на истражување и иновации започнаа во 2019 година и се годишен настан што ги обединува светските лидери од индустријата, бизнисот, академијата како и министри и еврокомесари, да дебатираат и да го обликуваат идниот изглед на политиките за истражување и иновации. Истражувањата и иновациите се во основата на европската економија и се од витално значење за одржливо и успешно општество. ЕУ во последните 30 години преку различни програми има вложено над 200 милијарди евра во истражување и иновации.

притисни ентер