Глигоров за Канал 5: Европа има опции, Русија нема - Канал 5

Глигоров за Канал 5: Европа има опции, Русија нема

На повидок е нов поредок во кој Русија нема да има нормални односи со Западот, вели меѓу другото за Канал 5 професорот на Виенскиот економски институт, Владимир Глигоров..

Глигоров за Канал 5: Европа има опции, Русија нема

Во однос на спорот со Бугарија тој вели опасно е историјата да остане поважна од иднината..

Во овој момент никој не знае кога и со каков исход би завршила војната, вели Глигоров во интервју за Канал5 и додава дека санкциите имаат долгорочни цели, но не можат да ја запрат војната.

Глигоров смета дека Европа има опции, на долг рок ќе се обезбедат алтернативи за рускиот гас и нафта, додека од друга страна Русија нема алтернатива - Кина има 17% од светската економија, Западот 60%. Тој вели дека диверзификацијата не е можна преку ноќ и ќе чини поскапо, а на повидок е нов поредок во кој Русија нема да има нормални односи со Западот.

Глигоров вели дека кризата може да го зголеми интересот на ЕУ за Западен Балкан, додека спорот со Бугарија зависи од Софија и дека е опасно историјата да остане поважна од иднината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Огромен развој на ависообраќајот

Огромен развој на ависообраќајот. По рекордниот број на авиолинии и бројот на патници, Визер поставува 7- ми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа.

Николоски: Огромен развој на ависообраќајот

Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје.

„Ова е трета најголема база што Визер воопшто ја има и се надевам дека за многу брзо време скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на пласирани, односно по број на авиони коишто се поставени на аеродромот. Ова е големо достигнување, нешто со што и многу национални авиокомпании не можат да се пофалат и затоа јас често знам да кажам дека Визер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките го покажуваат тоа, дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси не се случајни и овие успеси се резултат на заедничка работа. Всушност и бројките го покажуваат тоа. Имено, само компанијата Визер ако минатата година превезе 1.700.000 патници, веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патници, што јасно го покажува растот. Во првите шест месеци двата аеродроми, Охрид и Скопје има над 2 милиони патници. Се надевам таа бројка ќе продолжи и во вториот дел од годината. И ако пред неколку години се боревме за 2 милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо – а тоа е 4 милиони патници годишн, нешто што е реално остварливо. Многу нови дестинации, многу нови авио рути. Две се отворија само оваа недела: за Алгеро (Италија, Сардинија) и за Палермо (Италија, Сицилија), а исто така зборуваме и за нови авиолинии од Вроцлав и Катовице за Охрид.

Ќе продолжиме заедно да работиме и ќе продолжиме заедно да напредуваме. Ова е одлична приказна којашто заеднички со ТАВ Македонија и со Визер ќе продолжиме да ја развиваме” -изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна официјалната посета на претседателката на Индија, Друпади Мурму

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава.

Започна официјалната посета на претседателката на Индија, Друпади Мурму

По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација.

Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација.

Соговорничките, исто така, разменија мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите.

За Сиљановска-Давкова, посетата е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката. Во заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и во искуството од Движењето на неврзаните, таа препознава цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи.

Според неа, македонската геостратешка положба, инфраструктурните коридори и лесниот пристап до европскиот пазар, може да бидат од особен интерес за индиските инвеститори.

Друпади Мурму оцени дека нејзината прва посета на државава е историски момент и изрази волја за нова динамика во сестраното партнерство меѓу двата народи.

Според обете, политичкиот дијалог и меѓуинституционалната соработка се претпоставки за продлабочувањето на севкупните односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два милиона луѓе на улиците на Мадрид ги пречекаа светските шампиони!

Шпанската фудбалска репрезентација беше пречекана од околу два милиона луѓе на улиците на Мадрид по освојувањето на титулата светски првак на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Два милиона луѓе на улиците на Мадрид ги пречекаа светските шампиони!

Неверојатни сцени во Мадрид, два милиона луѓе ги пречекаа светските шампиони!

Шпанските фудбалери пристигнаа во татковината 24 часа по триумфот по продолженија со 1-0 над Аргентина во финалето на Светското првенство и по вторпат во историјата ја освоија титулата светски шампион.

Победничкиот гол го постигна Феран Торес во 106-тата минута.

По пристигнувањето во Мадрид, шпанскиот национален тим најпрво беше примена од кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција во палатата „Зарзуела“, а потоа беше пречекана од премиерот Педро Санчез.

По официјалните приеми, играчите и стручниот штаб тргнаа со отворен автобус низ централните улици на главниот град, поздравувајќи ги насобраните навивачи кои во голем број излегоа да го прослават историскиот успех.

Поворката заврши на плоштадот Сибелес – традиционалното место за прослава на најголемите спортски успеси во Шпанија – каде што беше поставена бина со музичка програма што му претходеше на пристигнувањето на новите светски шампиони.

Според податоците објавени од шпанскиот бренд, кои се повикуваат на проценките на надлежните служби, на прославата на улиците во Мадрид присуствувале околу два милиона луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер