Глигоров: Опстојувањето речиси 40 години ја потврдува потребата за „Скопско лето“ - Канал 5

Глигоров: Опстојувањето речиси 40 години ја потврдува потребата за „Скопско лето“

Со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (Сули ан, 20.30), „Скопско лето“ го завршува 39-тото издание.

Глигоров: Опстојувањето речиси 40 години ја потврдува потребата за „Скопско лето“

Од 21 јуни, кога фестивалот во главниот град традиционално се отвора празнувајќи ги истовремено почетокот на летото и светскиот ден на музиката, до денеска имаше 60-ина настани со речиси илјада домашни и странски учесници.

Според организаторот - Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), бројот на посетителите е во рамки на просекот, меѓу 20.000 и 30.000. Посетеноста е секогаш проценка затоа што содржините на фестивалот се, главно, бесплатни и многу од нив на отворени простори каде што публиката е во движење.

- „Скопско лето“ и годинава со разновидноста, квалитетот и атрактивноста на програмата беше ударно во културниот живот на Скопје од 21 јуни до 31 јули. Оценката е позитивна и задоволителна и ја темелиме на тоа дека она што го најавивме, успеавме да го реализираме. Освен некои опструкции поради времето и мали поместувања на некои настани што беа за отворен простор, а се одржаа на алтернативни затворени простори. Од посетеноста и оваа година можеме да бидеме задоволни и презадоволни. На моменти просторите беа претесни да ги примат сите посетители, изјави за МИА Никола Глигоров, директор на ДКУС.

Меѓу настаните со најголем одѕив од публиката годинава тој ги спомна претставата „Ричард Трети“ на загрепскиот театар „Гавела“ и концертот на Јелена Томашевиќ во преполните МНТ односно МОБ, како и концертот со музичарките од Шпанија минатиот вторник во Музејот на Град Скопје.

Според Глигоров, публиката е разновидна зашто и програмата е таква. Покрај постојаната и верна публика која го следи фестивалот со децении, „Скопско лето“ има и нова, млада публика. И тоа не само за содржини кои сами по себе се привлечни за младите, вели Глигоров, како џез и блуз-концерти и популарна музика, туку тие доаѓаат и за класична музика, ликовни изложби, филм. Годинава имаше и детски блок со три програми наменети за деца и со деца учесници, така што фестивалот имаше и најмали посетители.

Наскоро ќе бараат од надлежните институции поддршка за 40-годишниот јубилеј идното лето. Имаат планови за програмата и веќе за гостите од странство се разговара со амбасадите со кои, како и со странските културни центри, овој фестивал има долгогодишна соработка.

- Основите за програмските блокови треба да ги знаеме во септември кога треба да аплицираме пред Град Скопје и Министерството за култура за наредното „Скопско лето“. Финансиската поддршка е важна зашто од неа зависи колку од нашите желби ќе се остварат. Опстојувањето на „Скопско лето“ во скоро 40 години потврдува дека има потреба за него. Го поддржуваат и посакуваат уметниците, и публиката, исто така. За догодина се надевам ќе обезбедиме коректна поддршка тоа „Скопско лето“ да биде сублимат, пресек на она што се случувало во изминатите години. Не дека ќе пуштиме стари програми, но може да се случи некои имиња коишто биле во годините наназад, повторно да се појават за да нè потсетат. Ќе биде тоа квалитет и врз основа каква била реакцијата на публиката и критиката. Но, секако, ќе откриваме и истражуваме нови перспективи. И натаму основата ќе бидат нашите, домашни уметници и ансамбли, збогатено со гостите од странство, истакна Глигоров.

Уметниците се душата и суштината на „Скопско лето“

Во 39-те лета имало повеќе од две илјади програмски содржини и илјадници уметници. Дирекцијата е организатор и координатор на програмата, но суштината и душата на „Скопско лето“, вели директорот на фестивалот, му ја даваат уметниците и културните институции, пред сè, од Скопје и од Македонија.

- Нема македонски уметник или институција што не биле на „Скопско лето“, гостувале сите македонски театри. Се обидуваме секоја година најмалку една до две македонски претстави да бидат дел од програмата. Комуницираме со институциите, се координираме со нив, дел од нивната редовна програмска активност да ја поместат во периодот на фестивалот или дури и заедно да направиме специјална продукција. Осумдесет проценти од содржините се премиерно изведени или специјално подготвени за „Скопско лето“. Ако и има некоја што веќе била прикажана, изведбата во нов простор е веќе нов амбиент и сосема друга претстава за публиката. Откако се етаблира меѓународната програма, во соработка со културни центри и амбасади, 30 отсто се учесници од странство. Тоа е можност и за нив да ја промовираат својата култура во нашата земја, додава Глигоров.

Мултимедијален и отворен за публиката

По старост „Скопско лето“ е втор летен фестивал (основан 19 години по „Охридско лето“) и бил инспирација за такви и слични манифестации низ Македонија и образец по кој се формирале летните фестивали во Битола, Штип, Прилеп...

Почнал во 1980 година со идеја нешто да се случува во летните месеци кога, по завршување на сезоната на инстутуциите од културата, има празнина од јули до септември. Најпрво се организирале фолклорни концерти на тогаш релативно новиот кеј на Вардар. Потоа се проширил со концерти на млади рок-групи низ градот и спонтано се сфатило дека тоа и му треба на Скопје.

Создаден е на иницијатива на Културно-просветната заедница-КПЗ (која е формирана во 1948 и потоа трансформирана во сегашната Дирекција за култура и уметност), со поддршка од Туристичкиот сојуз на Град Скопје, Музичката младина на Македонија, Домот на младите итн. Новите, летни настани биле прифатени и од публиката, и од институциите.

Советот на „Скопско лето“, во кој членувале еминентни културни и општествени работници во тоа време, ја дале концепцијата на фестивалот – да биде мултимедијална манифестација, отворена за публиката и колку што може повеќе дисперзирана на повеќе локации во градот.

Во почетокот на 1980-тите, кога Скопје бил само еден од главните градови во Југославија, фестивалот бил концентриран на програми и настани на локалните институции, а приближувајќи се кон 1990-тите се интензивирала меѓународната соработка.

Промотор на непознати локации во Скопје

На самиот почеток се инсистирало фестивалот со својата програма да ги анимира отворените простори и да открива нови локации кои им биле непознати и на скопјаните. Настаните на „Скопско лето“ своевремено се одржувале од Ченто до Ѓорче Петров, од Матка до Марков манастир.

Куршумли ан, на пример, првпат е употребен како сценски простор токму на овој фестивал, за „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар. Оваа година и во изминатите неколку главна отворена локација беше Сули ан (Факултет за ликовни уметности), на времето и Капан ан беше дел од програмата, пред да стане угостителски комплекс.

И Чифте амам од „Скопско лето“ првпат бил препознат како културен простор - во 1990-тите со проектот „Ликвор Амни“ кога овој објект сè уште беше запуштен и малкумина знаеја дека воопшто постои.

- Беше интересно како да се влезе внатре, се пропаѓаше од покривот на Чифте амам... „Скопско лето“ меѓу првите почна да прави интервенции на отворен простор во градот, уште во 1980-тите, кога беше чудно што некои уметници цртаат, прават нешто на отворено. Се спуштаа цели платна од Кале, се обликуваше просторот. Ние правевме театарски претстави и мултимедијални проекти на Кале во времето кога таму освен ресторанот, имаше две-три канделабри од кои земавме струја за да покажеме дека и тој простор треба да заживее. Како резултат на тоа, на Калето беше направена сцена со гледалиште која потоа беше тргната кога почнаа археолошките истражувања кај Киклопскиот ѕид, рече Глигоров.

Може, вели, да се набројат и до 30 различни сцени кои биле користени на фестивалот зашто една и иста отворена сцена се преобразувала во варијанти, еден простор има различни приоди и создава поинакви амбиенти. Самиот простор, истакнува тој, ја прави магијата и тие што го формирале „Скопско лето“ затоа и инсистирале на отворените простори.

Највпечатливи на кои се сеќава од минатите фестивалски изданија за Глигоров се токму настаните во околината на Скопје, концерти и претстави на Матка и кај Марков манастир. Еден од нив посебно го фасцинирал – концертот „Скришно место“ на Драган Даутовски, кој како идеја произлегол од книга на Петре Бакевски.

- Концертот беше договорен во Марков манастир и со одобрение на архиепископот г.г. Стефан. Го ограничивме бројот на влезници на 200 колку што имаше столови за да на се нарушува мирот на тој женски манастир. Со поддршка на ЈСП ангажиравме два автобуса за публиката. Тргнавме да одиме натаму и се случува порој од невиден дожд, поплава. Доаѓа време за почеток на концертот, одеднаш снемува струја. Мислевме пропадна работата. И покрај ограничениот број, имаше многу луѓе, дојдени беа и со автомобили. Упорно врне, автобусите доаѓаат, и кога се обидувавме да најдеме друг простор, струјата се врати и времето се смири. Сите седнаа на столовите, концертот почна и се одржа. Тоа се моменти чудо и восхитуваат. Тој концерт немаше да ја имаа таа магија ако беше во некоја сала во градот. Таквите простори се сами по себе магични и прават посебна слика, истакнува директорот на ДКУС.

Претстави, перформанси и мултимедијални настани на „Скопско лето“ се одржувале и кај Идадија, старата учителска школа, во Градскиот парк и во некогашниот Кермез, во Луна-паркот, каде што своевремено се правеше театарскиот маратон „Театар на месечина“, а во еден период и програмата „Кафе-кино“...

На некои од тие локации се изведени и претстави специјално направени за овој фестивал, како: „Светулки во ноќта“, „Техноѕвезда“, „Пат за Парамарибо“, „Три сестри“, „Горјаболко“, „Салома“, „Хамлет машина“...

По неколку изминати години во кои фестивалот немаше свој проект, оваа година се врати со продукција - балетот „Метаморфоза“. Организаторот очекува од идната година повторно да имаат проекти во сопствена продукција што порано беше уште една одлика на „Скопско лето“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)

Додека младенците беа на подиумот за танцување изведувајќи го својот прв танц, вниманието на гостите требаше да биде насочено исклучиво кон нив. 

Пијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)

Сепак, видео од свадба во Сплит покажа дека непланираните настани понекогаш можат да ја украдат претставата дури и од главните ѕвезди на вечерта, пишува „Слободна Далмација“.

Имено, додека младенците уживаа во романтичен момент, во позадина се одвиваше сосема поинаква сцена. Двајца гости беа толку зафатени со атмосферата што во еден момент завршија на подот, каде што почнаа да се тркалаат и да се смеат, што предизвика воодушевување кај некои од присутните.

Видеото го објави на социјалните мрежи Lex Band, со хумористичен натпис: „Како да го засените првиот танц“. Видеото брзо го привлече вниманието на корисниците, а многумина не можеа да не се насмеат кога видоа што се случува зад младенците.

Коментарите беа полни со шеги за гостите, а некои забележаа дека тие станале главни ѕвезди на вечерта. Други истакнаа дека најзабавните моменти на свадбите често се оние што не биле планирани. Некои корисници признаа дека морале да го гледаат видеото неколку пати за да забележат што се случува во позадина.

Додека младенците се обидуваа да ја зачуваат романтиката и елеганцијата на нивниот прв танц, двајца гости успеаја да го украдат целото нивно внимание, барем за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)

Јужноафриканец бил измачуван за време на грабеж на неговата фарма, при што му биле отсечени ушите.

Упаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)

50-годишниот сточар Донован Маркс вчера бил сам дома откако неговата сопруга Луиз заминала на работа кога двајца мажи нападнале еден од неговите работници во шталата, објавува „Дејли меил“..

Фармерот бил врзан, а потоа насилно внесен во главната куќа на фармата, каде што Маркс бил застрелан и избоден во ногата. Додека лежел во локва крв, напаѓачите го исмејувале, потоа го држеле долу и му ги отсекле ушите, кои потоа ги исекле на мали парчиња.

Неговиот сосед објавил на социјалните мрежи дека работникот успеал да се ослободи и да побара помош. Пристигнувањето на едно лице кое му дошло на помош ги спречило напаѓачите да му ги отсечат и гениталиите.

Разбојниците не успеале да украдат вредни предмети од фармата во близина на Почефструм, туку избегале со автомобилот и приколката на Маркс.

Повредениот човек бил итно префрлен во болницата Медиклиника Почефструм, каде што лекарите му пружиле помош.

Според достапните информации, Маркс се бори за живот, а болницата објави дека неговата состојба е „критична, но стабилна“.

Питер Стајн, зет на повредениот сточар, рече дека Маркс бил застрелан во рамото и избоден во ногата.

„Не знаеме зошто бил мачен. Не можел да разговара со нас, а она што се случило уште еднаш покажува колку се брутални нападите врз фармите во Јужна Африка. Ваквите напади излегуваат од контрола“, рече Стајн.

Тој додаде дека мотивот за нападот очигледно не бил само кражба.

„Напаѓачите го врзале работникот на фармата, а потоа го мачеле Донован. Сепак, работникот успеал да се ослободи и да повика помош, која брзо пристигнала. Колку што знаеме, работникот не бил повреден“, рече Стајн.

Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко време по нападот, заедно со екипа на брза помош.

Пратеникот на Демократската алијанса и претседател на парламентарниот комитет што ја надгледува работата на Јужноафриканската полициска служба, Иан Камерон, го осуди нападот.

„Не секој напад на фарма вклучува тортура, но за намерната суровост што се случува во некои случаи мора отворено да се зборува. Двете жртви заслужуваат соодветна поддршка“, рече Камерон.

Тој рече дека лично присуствувал на истрагите на местото на нападите каде што жртвите биле подложени на тешка тортура.

„Луѓето биле истурани со врела вода, некои дури и во грлото. Жртвите биле горени со пегли за облека, а на некои им биле дупчени дупки во рацете и нозете. Во некои случаи, луѓето биле држени во заробеништво со часови и мачени“, рече тој.

Камерон рече дека планирањето за итни интервенции мора да го земе предвид времето што напаѓачите го поминуваат со жртвите, нивото на насилство и изолацијата на фармите.

„Погрешно е да се потценуваат нападите на фармите споредувајќи ги со други насилни злосторства. Ниту еден политички лидер не треба да го одобрува или поддржува насилството врз земјоделците и работниците“, рече Камерон.

Тој додаде дека полицијата на Северозападната покраина мора да обезбеди случајот да биде истражен од искусни истражители и дека доказите можат да се користат на суд.

Портпаролот на полицијата на Северозападната покраина, капетанот Маџанг Скалки, рече дека полицијата сè уште собира информации за нападот и ќе даде повеќе детали подоцна. Нема апсења.

Д-р Корнелиус Малдер, лидер на десничарската партија „Фронт на слободата“, исто така го осуди нападот.

„Нападот врз г-дин Маркс беше исклучително брутален. Нашите мисли и молитви се со него и неговите најблиски“, рече Малдер.

Тој рече дека неговата партија постојано предупредува дека нападите врз фармите често се придружени со екстремно насилство и тортура, поради што, рече тој, тие не треба да се третираат како обични злосторства.

Малдер повторно го повика јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса да го признае обемот на убиствата и нападите врз земјоделците и да преземе конкретни мерки.

Тој рече дека деталите за тоа што се случило со Маркс се толку шокантни што не треба да бидат објавени.

Ова е втор напад врз фарма во северозападната провинција оваа недела. Претходно, сопругата на земјоделец беше претепана до смрт со метална шипка додека ја отвораше безбедносната порта на нивната фарма во градот Отсдал.

Нејзиниот сопруг ја пронашол како лежи во локва крв. Таа починала на пат кон болница.

Земјоделците во Јужна Африка велат дека властите ги игнорираат злосторствата против нив и дека нападите често се насочени и брутални. Тие веруваат дека ваквите злосторства не треба да се сведат на категоријата „обичен криминал“.

Според текстот, помеѓу 40 и 72 земјоделци се убиени на фармите во земјата секоја година. Сепак, властите истакнуваат дека овој број е незначителен во споредба со приближно 75-те убиства што се извршуваат секој ден во целата земја.

Демонстрантите велат дека нападите врз фармите се одликуваат со суровост, тортура и продолжено страдање на жртвите и дека затоа треба да се класифицираат одделно.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано тврди дека Јужна Африка е подложена на „бел геноцид“, велејќи дека белите земјоделци се цел на напади и убиваат, а нивната земја е одземена.

Соединетите Американски Држави ја променија својата политика за бегалци и азил за да им дадат поголем приоритет на белите Јужноафриканци кои сакаат да дојдат во САД, тврдејќи дека тие бегаат од прогон.

Сепак, јужноафриканските власти инсистираат дека високата стапка на насилен криминал и напади врз фарми ги погодува граѓаните од сите раси и дека нема докази за геноцид врз белото население.

Претседателот Рамафоса силно ги отфрли тврдењата дека белите земјоделци се издвојуваат како цели на насилни напади.

Корисник на социјалните мрежи, кој рече дека е сосед и пријател на Маркс, ги опиша деталите од нападот.

„Донован беше застрелан во грб, а куршумот му излезе од стомакот. Двете уши му беа отсечени“, напиша тој.

Повредениот човек беше однесен во болница, рече тој, но лекарите сè уште не беа сигурни дали ќе можат да му ги реконструираат ушите, бидејќи напаѓачите ги исечеле на мали парчиња.

„Тие се обидоа да му ги отсечат гениталиите, но за среќа наишол еден работник. Потоа двајцата избегале од фармата со неговиот пикап“, рече соседот на Маркс.

Слични инциденти ја потресоа земјата и претходно

Во 2021 година, седум вооружени напаѓачи поставија заседа врз сточарот Нил Бирман (47), неговата сопруга Соња (43) и нивните три мали синови на оддалечена фарма во покраината Мпумаланга.

Напаѓачите ги принудија да отворат сеф со пиштол. Кога откриле дека внатре нема ништо вредно, го ставиле шестгодишното момче во рерна и се заканиле дека ќе го испечат живо.

Минатата година, сточарката Рол Ујс (70) преживеала брутален напад врз нејзината фарма во Каролина, исто така во покраината Мпумаланга.

Напаѓачите ја држеле додека загревале вода во котел, а потоа ја мачеле повеќе од еден час, смеејќи се и загревајќи ја водата за да ја прелијат.

Тие истуриле врела вода врз нејзината глава, ја удирале со чајник, ѝ ги врзале устата и лицето со селотејп, ја врзале со синџир, потоа фрлиле куп мебел врз неа и ја оставиле да умре.

Во неверојатен пресврт на настаните, Ујс била пронајдена жива кога луѓето што дошле во куќата откриле што се случило. Таа преживеала и покрај критичните повреди и тешките изгореници на главата и лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)

Доларот и другите традиционални валути ќе станат целосно непотребни поради развојот на вештачката интелигенција и роботиката, а богатството наместо со пари ќе се мери во енергија и физички ресурси, изјави Илон Маск. 

Илон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)

Во разговор со биографот Волтер Исаксон на подкастот „Градителите“, Маск истакна дека идната валута може да се изрази преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата почнува да населува други планети и кога достапната енергија станува клучен ресурс за опстанок.

Роботите како единствено решение за американскиот долг

Маск верува дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за рехабилитација на огромниот јавен долг на Америка. Неговата пресметка поаѓа од фактот дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помала човечка работа.

Тој оценува дека финансиската криза не може да се реши со едноставно намалување на државната потрошувачка, пред се поради големиот политички отпор кон ваквите мерки.

Зборувајќи за сопственото богатство, кое Блумберг го проценува на околу 921 милијарда долари, Маск очекува дека даночните закони во следните генерации значително ќе го намалат богатството на неговите наследници.

YouTube video

Затоа тој планира неговата фондација да продолжи да инвестира во одржлива енергија и проширување на човештвото надвор од Земјата, а исто така ја објави својата намера да донира акции на SpaceX во вредност од повеќе од 10 милијарди долари на американските деца следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер