Главниот спонзор го раскинува договорот со Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ денеска преку Дубаи се врати од Австралија во Србија, каде слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу пладне.

Најдобриот светски тенисер ги избегна насобраните новинари и навивачите откако беше депортиран од Австралија каде не успеа да настапи на Австралија опен.

Ѓоковиќ може да го пропушти Ролан Гарос доколку не се вакцинира, а во меѓувреме може да наиде на финансиски проблеми. Имено, Ѓоковиќ би можел да остане без Лакост, главниот спонзор за опремата. Тој заработил 30 милиони долари од спонзори минатата година, според Форбс.

Во август минатата година тој го продолжи договорот со Лакост со кого соработува од 2017 година. „Што е можно поскоро, ќе стапиме во контакт со Новак за да ги разгледаме настаните што следеа по неговото присуство во Австралија“, се вели во соопштението на Лакост.

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Националниот ден на Власите

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Македонија.

-Пред 117 години на 23 мај, со декретот на султанот Абдул Хамид, во рамките на Отоманската Империја, беа признаени националните права на Власите. Со тоа се отвори можност за образование на мајчин јазик, што е еден од столбовите на националниот и на културниот идентитет на секој народ. Среќни сме што во нашата заедничка татковина припадниците на влашката заедница, како и на другите етнички заедници, ги имаат сите можности за зачувување и за зајакнување на својот јазичен и културен идентитет. Со своите традиции, култура и фолклор, Власите суштински го збогатуваат нашето мултикултурно и мултиетничко општество, пишува претседателот Пендаровски во честитката.

Здравствените, економските, социјалните и безбедносните предизвици и проблеми со коишто се соочува целиот свет, додава претседателот, може да ги надминеме само со заедништво, сплотеност и со солидарност.

-Да си подадеме рака и да си бидеме постојана поддршка едни на други и одговорно и посветено да придонесуваме за развојот и за напредокот на Република Македонија, како и за благосостојбата на секој наш сограѓанин. Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите, пишува претседателот Пендаровски.

Преку 100 земјоделски производители од Тиквешко аплицирале за грант за набавка на трактори

За да се добие поддршка за трактор, треба да се има пријавено земјоделско стопанство со над два хектара земјоделска површина, а предност е ако се обработуваат житни култури. 

Сто и десет земјоделски производители од Тиквешко се пријавиле за грант за набавка на нови трактори, а 23 апликации има за грант за жени носители на регистрирано земјоделско стопанство, велат за МИА раководителот на Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино Ѓорѓи Ајтов и советникот во кавадаречката Подрачна единица Драган Николов.

Грантовите се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

Во Неготино се пријавиле шеесетмина за трактор и 12 жени земјоделки за грант, а во Кавадарци 50 земјоделски производители за трактор и 11 земјоделки за поддршка за набавка на опрема во земјоделството.

-За да се добие поддршка за трактор, треба да се има пријавено земјоделско стопанство со над два хектара земјоделска површина, а предност е ако се обработуваат житни култури. На земјоделските производители чиишто апликации ќе бидат прифатени, главно ќе им бидат исплатени половината од вложените пари за набавка на нов трактор. На младите земјоделски производители до 40 години, им се исплатуваат 55 проценти од вложената сума, а грант од 75 проценти од сумата за трактор добиваат оние, коишто стопанисуваат со парцели со отежнати услови за работа, објаснува Ајтов.

Тој нагласи дека грантови од по 6 000 евра ќе добијат жените носители на регистрирани земјоделски стопанства, за набавка на опрема за соодветно земјоделско производство.

СЗО: Светот се соочува со „застрашувачки“ предизвици

Светот се соочува со „застрашувачки“ предизвици, вклучувајќи ги ковидот,војната во Украина и мајмунските сипаници , предупреди шефот на Светската здравствена организација.

Тедрос Гебрејесус зборуваше во Женева, каде експертите на здравствената агенција на ОН разговараа за појавата на мајмунски сипаници во 15 земји надвор од Африка.

Повеќе од 80 случаи се потврдени во Европа, САД, Канада, Австралија и Израел.Сепак, се вели дека ризикот за пошироката јавност е низок.

Мајмунските сипаници - вирусот кој е најчест во оддалечените делови на централна и западна Африка - нема тенденција лесно да се шири меѓу луѓето и болеста е обично блага.

Според националната здравствена служба на Обединетото кралство, повеќето луѓе кои се заразени со вирусот се опоравуваат за неколку недели.

Избувнувањето ги изненади научниците, а здравствените власти во обединетото кралство издадоа нови совети, велејќи дека високоризичните контакти на случаи треба да се самоизолираат три недели. Белгија стана првата земја што во петокот објави тринеделен карантин за заразените лица денеска се очекува да бидат објавени повеќе потврдени случаи во Велика Британија пишува весникот Гардијан.

СЗО претходно соопшти дека се истражуваат голем број други сомнителни случаи на мајмунски сипаници - без да ги именува вклучените земји - и предупреди дека најверојатно ќе бидат потврдени повеќе инфекции.

Во неделата беа потврдени дополнителни случаи во Австрија и Швајцарија.

притисни ентер