СветГлавниот обвинител на Кривичниот суд во Хаг среде скандал- адвокатка го тужи за злоставувањеГлавниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, одговори на жалбата поднесена против него од жена за сексуална злоупотреба обидувајќи се да ја убеди да ги негира нејзините наводи.Наводните обиди да се одврати жената која го пријавила сексуалниот напад од поднесување формална жалба се случиле преку телефонски повици и лично, а дошле откако Кан дознал дека судските власти биле свесни за наводите за неговото недолично однесување, според Гардијан, цитирајќи четири извори. Според весникот, неколку членови на персоналот на Меѓународниот кривичен суд со сознанија за обвиненијата против Карим Кан изјавиле дека обвинителот и уште еден близок функционер ја повикале жената неколку пати, со барање таа да ги отфрли наводите за однесувањето на Кан кон неа. Кога Гардијан го контактирале за коментар, Кан негирал дека побарал од жената да ги повлече сите тврдења, како и неговите адвокати. „Нашиот клиент ги негира сите наводи и најмногу сме загрижени дека откривањето на доверливо и затворено внатрешно прашање е дизајнирано да ја поткопа неговата тековна работа од висок профил во деликатно време“, рекоа неговите адвокати. Откако извештаите за наводна сексуална злоупотреба почнале да кружат во медиумите во последните денови, Кан ги негираше тврдењата во јавна изјава, велејќи дека тој и судот биле „подложени на широк спектар на напади и закани“. Жената која ги поднела наводите, опишана од колегите на МКС како почитувана адвокатка во нејзините 30-ти, која директно работела со Кан, одбила барање за коментар. Според документот што го видел „Гардијан“, наводите против Кан (54) вклучуваат несакани сексуални допири и „злоупотреби“ во подолг период. Извори запознаени со наводната жртва рекоа дека таа останала трауматизирана од ситуацијата и дека „доживува тешка емоционална вознемиреност“. Објавувањето на наводите за сексуална злоупотреба доаѓа во чувствителен момент за Меѓународниот кривичен суд, како последна инстанца која гони лица обвинети за злосторства. Комитетот од тројца судии на МКС ги разгледува, како што понатаму наведува Гардијан, „политички експлозивните“ барања на Кан за налози за апсење против израелските лидери за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Појасот Газа. Обвинителите на МКС во мај побараа налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и тројца водачи на Хамас, вклучувајќи ги Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханија, кои оттогаш беа убиени од израелските сили. Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, тогаш изјави дека има причини да се сомнева дека петмината извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото. Неколку месеци откако Кан побара да бидат издадени гореспоменатите налози за апсење, се појавија обвинувања за сексуална злоупотреба против главниот обвинител на МКС. Кан не го обвини експлицитно Израел дека стои зад обвинувањата, но во својата изјава со која негира дека сторил нешто лошо, тој рече дека тој и судот биле цел на „широк спектар на неодамнешни напади и закани“, пишува Гардијан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook