„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
1„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
3Долготрајни аплаузи за изведбата на „Едмонд“ на Битолскиот театар на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КултураГлавниот хорнист од Берлинската филхармонија Штефан Дор во СкопјеМакедонската филхармонија денеска во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Моцартовата хорна“, на кој како солист ќе настапи првиот хорнист од престижната Берлинска филхармонија Штефан Дор од Германија. Еден од најбараните хорнисти во Европа и во светот, за македонската публика ќе изведе два Концерти за хорна и оркестар бр. 1 и бр. 4 од Моцарт.Диригент на концертот е Борјан Цанев, а оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и комплексните дела - симфониската поема „Остров на мртвите“ од Сергеј Рахмањинов и фрагменти од балетот „Спартак“ од Арам Хачатуријан. Германецот Штефан Дор (1965) во моментов е главен хорнист во престижната Берлинска филхармонија и еден од најбараните хорнисти во Европа како солист. Дор е постојано ангажиран да одржува мастер часови, а предава хорна на Академијата „Херберт фон Карајан“. Првите часови по музика ги почнал со свирење на виола, но откако го слушнал на концерт познатиот хорнист Херман Бауман, одлучил дека хорната ќе биде негов главен инструмент. По студиите во Есен и во Келн, тој станал главен хорнист во Операта во Франкфурт, а потоа на истата позиција е ангажиран во Фестивалскиот оркестар на Бајрот, во Филхармонијата на Ница и во Германскиот симфониски оркестар во Берлин. Во Берлинската филхармонија е од 1993 година. Како солист соработувал со врвни диригентски имиња, меѓу нив и Даниел Баренбоим, Клаудио Абадо, Сер Сајмон Ратл и Бернард Хаитинк. Покрај класичниот и романтичниот репертоар за хорна, во фокусот на интересирањето на Дор се и делата од современите автори како Лигети, Киршнер и Кнусен. Извел голем број концерти за хорна посветени токму нему, од автори како Волфганг Рим, Тошио Хосокава и Хорхе Лопез. Уште една негова пасија е камерното музицирање кое подразбира не само соработки со колегите од Берлинска филхармонија, туку ангажмани и со многу други исклучителни музичари. Член е на ансамблот „Виена-Берлин“, на Октетот на Филхармонијата и на ансамблот хорни на Берлинската филхармонија. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“Наскоро ќе можете да го видите статусот на батеријата на сите поврзани уреди директно на заклучениот екран и на таблата со виџети (Widgets Board).Се чини дека „Microsoft“ работи на нов, корисен виџет за „Windows 11“ кој ќе го прикажува статусот на батеријата на вашиот уред, како и на сите безжични периферни уреди поврзани со вашиот компјутер. Спомнувања за овој виџет првпат беа забележани на „Discord“, во најновите пробни верзии (preview builds) на „Windows 11“, иако сè уште не изгледа дека е целосно функционален. Новиот виџет за батерија ќе биде достапен на таблата со виџети во „Windows 11“, а ќе може да се постави и на самиот заклучен екран. Иако сè уште не е во функција, кодот и графичките елементи се веќе присутни во најновите верзии на системот, откривајќи како ќе функционира виџетот и како всушност ќе изгледа. Виџетот поддржува и светли и темни режими на приказ и ќе ги прикажува уредите во вертикална листа, почнувајќи со батеријата на вашиот компјутер на самиот врв. Секој уред ќе има соодветна икона, заедно со неговото име и процентот на наполнетост на батеријата. Дополнително, виџетот ќе покажува кога уредот се полни и дали е вклучен или исклучен режимот за заштеда на енергија. Looks like Windows 11 is getting its own battery status widget soon, which will show an overview of batter levels across all your connected devices. Pretty neat! https://t.co/EceNiSU3yj pic.twitter.com/loyFi5iK7G — Zac Bowden (@zacbowden) September 7, 2026 Се разбира, другите платформи со години имаат некаква форма на виџет за батерија. И „Android“ и „iOS“ имаат виџети што го прикажуваат нивото на батеријата за поврзаните додатоци, а „Windows 11“ сега го надополнува тој јаз со воведување на истата функционалност. Новиот виџет за батерија ќе биде добредојдено дополнување на таблата со виџети – функција која многумина ја сметаа за главно бескорисна уште од нејзиното воведување во 2021 година. Иако некои апликации ја искористија, повеќето од нив не го сторија тоа. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски БродВо рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.Со почетокот на новата учебна година, полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера (11.09.2026) во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и во основното училиште „Кемал Ататурк“ во село Пласница реализираа превентивна активност во рамки на проектите „Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“. Во непосредна комуникација со учениците, полициските службеници ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, со посебен акцент на безбедното движење на релација од домот до училиштето и обратно. Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.Тагови: Македонски Брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“.Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта. Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, од Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Меѓу нив е и малолетник од Гостивар, додека возачот од Тетово управувал мопед без положен возачки испит. Еден возач од Виница управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли, со цел навремено санкционирање на возачите кои со своето однесување ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот, се клучни за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00