Ѓорѓиевски:Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички - Канал 5

Ѓорѓиевски:Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички

Започнуваме со акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички! 

Ѓорѓиевски:Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ, како и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува со обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината. Како што нагласи, ова особено важи за оние кои паркинзите ги узурпираат и користат за препродавање на автомобили.

- Започнуваме со акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички! Во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината.

Ова особено важи за оние во Расадник кои паркинзите ги користат за препродавање на возила, како авто плацеви.

Инспекциските служби на општината во текот на следните неколку дена ќе започнат активност за мапирање на отпадните возила и ќе започнат постапка со која ќе се утврдува сопственоста, како и тоа дали истите се регистирани и имаат платено обврски кон државата. Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови. По завршувањето на постапката возилата ќе бидат отстранети и однесени во отпадно депо, каде што граѓаните ќе имаат право да го повратат. Во спротивно, ќе бидат третирани како отпаден метал. Апелираме до жителите сами да си ги отстранат возилата согласно дадените рокови за да не подлежат на трошоци, затоа што наша цел не е казнување туку воведување ред во оваа сфера. Крајно време е да ги ослободиме паркинзите во Кисела Вода! – изјави Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху и Ајзенкот ги почнаа преговорите за формирање влада на национално единство

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.

Нетанјаху и Ајзенкот ги почнаа преговорите за формирање влада на национално единство

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив, каде што прво ќе добијат безбедносни информации, а потоа ќе разговараат за можноста за формирање влада на национално единство, објави денес Јашар.

Партијата, исто така, изјави дека во исто време се одржува состанок меѓу претставници на Јашар и партијата Б'Јахад, предводена од Нафтали Бенет, објавува „Тајмс оф Израел“.

Бенет, единствениот лидер на партијата во блокот на Ајзенкот кој се залагаше за формирање влада на национално единство со Ликуд, не се очекува на состанокот Јашар-Ликуд.

Средбата следеше по вчерашното соопштение на Нетанјаху дека е подготвен, според договорот за ротација, да му ја предаде премиерската функција на Ајзенкот, а потоа да ја преземе функцијата втор премиер, по што Ајзенкот му даде на Ликуд 24 часа да постигне коалициски договор.

Според израелските медиуми на хебрејски јазик, Нетанјаху бара да остане премиер одреден, засега неопределен период пред да започне ротацијата, со цел да надгледува евентуален безбедносен инцидент поврзан со Иран. Ајзенкот, според овие извештаи, цврсто го отфрлил овој услов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себеси

Жозе Мурињо остро го критикуваше судијата Сезар Сото Градо откако вчера Реал Мадрид загуби со 1-2 од Алавес на Бернабеу . 

Заврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себеси

Португалецот рече дека Реал не загубил поради судијата, но додаде дека судијата сака да ја покажува својата моќ и се пошегува дека ќе го исклучи Тибо Куртоа следната сезона.

„Мислам дека овој судија сака да ја покажува својата моќ, дека е феномен. Не ми се допадна неговата работа, но не го загубивме натпреварот поради судијата, туку поради нас самите“, рече Мурињо. „Пред две сезони го исклучи Мбапе, минатата година Винисиус, а оваа година Белингам. Следната година ќе биде Куртоа“, додаде тој.

Белингам го исклучи поради симулирање

На крајот, Сото Градо досуди пенал за Реал по падот на Џуд Белингам, но по прегледот на ВАР, ја поништи одлуката и му покажа на Англичанецот втор жолт картон поради симулирање. „Го погледнав пеналот и изгледа сомнително, но Џуд вели дека е пенал“, рече Мурињо.

Португалецот ја презеде одговорноста за поразот. „Изгубивме поради мене, јас сум шефот“, рече тој и му честиташе на тренерот на Алавес. Додаде дека Алавес имал среќа бидејќи судијата бил многу попустлив кон губењето време и прекините.

Крај на серијата од десет победи

Алавес поведе со голот на Тони Мартинез во 22-та минута, по грешката на Дин Хујсен, а Анхел Перез го израмни резултатот во 61-та минута. Килијан Мбапе го намали резултатот во 69-та минута по асистенцијата на Белингам, а Бернабеу свирна за Винисиус по вториот гол на гостите.

Мурињо го бранеше Бразилецот. „Винисиус беше како целиот тим, не мислам дека може да се каже дека еден играч бил подобар или полош“, рече тој. Со поразот, Реал ја прекина серијата од десет победи и падна на третото место со 33 бода, зад Барселона со 36 и Атлетико со 34.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Бајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.

Борозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност.

Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година.

Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа.

Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски.

Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата.

Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%.

Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа?

Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство.

Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити.

Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите.

Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот.

Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%.

Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат.

Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување.

Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее.

Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000.

Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики, рече Маја Борозан од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер