Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината - Канал 5

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа.

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Градот Скопје интензивно работи на унапредување на условите во средното образование, со конкретни и видливи резултати за краток временски период. Посветеноста кон создавање современи, безбедни и достоинствени услови за учење и работа во училиштата претставува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа, со јасна цел квалитетно образование и подобра иднина за младите.

Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

Влогот во образованието е влог во иднината

Горд сум кога резултатите од нашиот труд за кратко време се веќе видливи, што ни дава уште поголем мотив да продолжиме посилно и поодлучно.

Денес сме во посета на средните училишта во Скопје, каде што сите ги опремивме со нови клупи и столчиња, достоинствени услови за учење и работа.

Обезбедивме и прочистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите.

Со целосна одговорност можам да кажам дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што јасно говори за нашата силна посветеност кон поквалитетно образование.

Модернизацијата и осовременувањето на наставните средства продолжува и понатаму, системски и плански.

На денешната посета, по долги години имав чест повторно да ја видам мојата класна раководителка во средното медицинско училиште каде што се образував.

Средбата ми врати многу спомени од минатото и уште еднаш ме потсети колку е важна улогата на наставниците во градењето на нашите животни патишта.

Паралелно, во фокусот е и реконструкцијата на спортските терени, проект кој веќе е во тек, затоа што сакаме да ја поттикнеме физичката активност и да градиме здрави животни навики кај младите од најрана возраст.

Дополнително, сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што е сериозна и одговорна мерка која ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија, но и директен придонес во заштитата на животната средина.

Сето ова е насочено кон унапредување на севкупната опременост, квалитетот и комфорот во училиштата, како силен стимул за развој на потенцијалот кај младите.

Ова е само дел од нашата визија за модерно образование.

Продолжуваме понатаму, со дела, а не со зборови.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа.

Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК.

На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес.

Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми.

Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар.

Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта.

„Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова.

Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот.

„Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Манчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата

- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот.

Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година.

Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер