Ѓорѓиевски: Со заедничка акција и соработка до системски решенија за спречување на поплави и шу - Канал 5

Ѓорѓиевски: Со заедничка акција и соработка до системски решенија за спречување на поплави и шу

На денешниот Управен одбор на ЗЕЛС, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, градоначалниците, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дискутираа за системските решенија.

Ѓорѓиевски: Со заедничка акција и соработка до системски решенија за спречување на поплави и шу

На денешниот Управен одбор на ЗЕЛС, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, градоначалниците, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дискутираа за системските решенија за превенција и рана детекција на шумски пожари и поплави. Главен акцент беше ставен на унапредување на координацијата меѓу институциите и преземање конкретни чекори за спречување на природни катастрофи.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека превентивните мерки мора да бидат приоритет на сите локални самоуправи.

-За да ја намалиме опасноста од шумски пожари и поплави, неопходна е континуирана координација меѓу сите институции. Локалните самоуправи треба активно да работат на чистење на атмосферските канали и одржување на речните корита, а во шумските подрачја да се направат засеци кои ќе спречат ширење на пожарите. Разговаравме и со претседателот на Владата, од каде добивме уверување дека ќе се зајакнат капацитетите на противпожарните бригади, што е клучно за поефикасно справување со овие предизвици-истакна претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

На состанокот, од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, беше потенцирана и потребата од ставање во функција на целокупната расположлива механизација и противпожарни возила, како и идентификација на критичните точки каде што е неопходна итна интервенција на државата. Дополнително, беше најавено зголемување на капацитетите за справување со кризни ситуации, вклучително и подготвеност на авионите за брза реакција во претстојната сезона.

ЗЕЛС и Владата остануваат посветени на изградба на ефикасен систем за превенција и брза реакција, со што ќе се заштитат граѓаните и природните ресурси од природните катастрофи, соопштуваат од ЗЕЛС.

Во Истанбул почнаа првите директни преговори меѓу Украина и Русија по 3 години

По точно 24 тактизирање, меѓусебни навреди и обвинувања, украинската и руската делегација влегоа во палатата Долмахаче во Истанбул, прв пат на директни преговори по три години. 

Во Истанбул почнаа првите директни преговори меѓу Украина и Русија по 3 години

Мораме да ја искористиме можноста за напредок кон мир, рече домаќинот, шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, обраќајќи им се на делегациите, од десната страна руската предводена од помошникот на Путин, Медински, наспроти нив, украинската предводена од министерот за одбрана Умеров. Медиумите пренесуваат дека двете страни меѓусебно не се поздравиле, како прв индикатор дека чуда во разговорите не се очекуваат. Во Истанбул е и првиот американски дипломат Рубио, кој претходно оствари средба само со украинската страна, а во пресрет на преговорите го реафирмираше ставот дека за успех неопходна е средба меѓу Трамп и Путин. Идентично размислува и официјален Кремљ.

-И мислам дека е сосема јасно дека единствениот начин да имаме придвижување во преговорите е само преку средба на претседателите Трамп и Путин. Ќе биде потребно тоа ниво на ангажман за да се има пробив по ова прашање. Не мислам дека нешто продуктивно ќе се случи се додека не се вклучат во многу искрен и директен разговор, што претседателот Трамп е подготвен да го направи. , изјави Марко Рубио, државен секретар на САД

-Таква средба е секако неопходна, пред сè од гледна точка на билатералните руско-американски односи, а и од гледна точка на разговор за сериозна дискусија на највисоко ниво за меѓународните работи и регионалните процеси, вклучително, секако, кризата околу Украина. , изјави Дмитри Песков, портпарол на Русија

Случувањата во истанбул со внимание се следат и во Тирана, каде 47 шефови на држави и влади, вклучително и премиерот Мицкоски учествуваат на шестиот Самит на Европската политичка заедница. Меѓу нив се и Ердоган и Зеленски, што самото по себе зборува за важноста на собирот, од каде не се исклучува можност да произлезе нов пакет санкции за Русија, која веќе е во најава. Во обраќањето, Зеленски кажа која е црвената линија на Киев пред да се постигне каков и да е договор со Москва.

-Нашиот приоритет број 1 е целосен и безусловен прекин на огнот да се случи што побрзо за да го спречи убивањето и да биде основа за дипломатија. Ако руските претставници во Истанбул не можат да се согласат на тоа ќе биде сто проценти јасно дека Путин продолжува да ја поткупува дипломатија. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Работиме на нов пакет санкции, вклучувајќи на пример санкции за Северен Тек 1 и Северна Тек 2, проширување на списокот на бродови на 'Shadow Fleet', како и намалување на на ограничувањето на цената на нафтата и дополнителни финансиски санкции против рускиот финансиски сектор. Она што е важно, ние сакаме мир и затоа ќе го зголемуваме притисокот се додека претседателот Путин не биде подготвен за мир. , изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.

Кои се клучините теми на разговорите не е познато, иако руската страна најави дека основа ќе биде да се отстранат освновите причини за војната. Неизбежно, се очекува да се најдат и прашањата за идниот статус на окупираните украински територии, кои чинат безмалку една четвртина од целата територија.

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Преку герила-акција пред обвинителството движењето „Кој е следен“ најави дека ќе се приклучат на утрешниот протест на родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Од движењето посочија дека ќе има организиран и превоз од две локации од Скопје за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од протестот во Кочани. Укажаа на потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција, која според нив довела до трагедијата.

YouTube video

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Предлог законот за сајбер безбедност на почетокот на јуни се очекува да влезе во собраниска процедура.

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на месецов законот да помине на влада и на почетокот на јуни да влезе во собраниска процедура. Со ова законско решение според него ќе се обезбеди безбедност на целокупното општество.

YouTube video

притисни ентер