Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен - Канал 5

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, Градимир Шумковски.

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен

-Денеска остварив исклучително конструктивна и пријателска средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е. Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, г. Градимир Шумковски. Во рамки на разговорот ја претставив визијата за развој на Скопје, заснована на одржливи политики, јасна стратешка рамка и силна посветеност кон модернизација на јавните услуги и унапредување на урбаното уредување, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

На средбата, како што информира, ја нагласил важноста од размена на добри практики со Израел, земја препознатлива по напредните технолошки решенија и успешните модели на урбана трансформација.

-Потенциравме дека ваквите партнерства можат значително да придонесат за подобрување на квалитетот на живот, зголемување на ефикасноста на градските системи и поодржливо долгорочно планирање на главниот град, нагласи Ѓорѓиевски.

Амбасадорката Аисен изразила подготвеност за продлабочување на институционалната соработка и поддршка на иницијативи кои ќе го унапредат развојот на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град.

-На средбата ја потврдивме важноста од редовна комуникација и координација, како и од отворање нови можности за реализација на проекти од заемен интерес. Истакнав дека оваа соработка ќе придонесе Скопје храбро да чекори напред како град ориентиран кон иновации, стабилни партнерства и иднина во која секој граѓанин ќе има подобар квалитет на живот, истакна градоначалникот на Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон.

Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје

Со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, започна - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студено утро, преку денот релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Студено утро, преку денот релативно топло

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 4. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас.

Кариера

Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат.

Здравје и совет

Почастете се со нешто што го посакувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко.

Кариера

Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување.

Здравје и совет

Согледувајте ја реалноста.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце.

Кариера

Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите.

Здравје и совет

Ќе бидете прифатени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно.

Кариера

Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво.

Здравје и совет

Здрави сте и весели.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа.

Кариера

Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри.

Кариера

Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете.

Здравје и совет

Не е забрането ако сакате да се опуштите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги.

Здравје и совет

Дишете длабоко.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени.

Кариера

Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка.

Здравје и совет

Трпение, спасение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка.

Кариера

На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте.

Здравје и совет

Малку пополека и обмислено.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат.

Кариера

Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби.

Здравје и совет

Би можеле да поместите планини.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа.

Кариера

Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите.

Здравје и совет

Во право сте целосно.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува.

Кариера

Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер