Ѓорѓиевски: Проблемот на недостиг на работна сила станува алармантен - Канал 5

Ѓорѓиевски: Проблемот на недостиг на работна сила станува алармантен

Најгорливиот проблем - недостатокот на работна сила со кој се соочуваат македонските компании може да се надополни преку прелевање на вработените од јавниот во приватниот сектор.

Ѓорѓиевски: Проблемот на недостиг на работна сила станува алармантен

Најгорливиот проблем - недостатокот на работна сила со кој се соочуваат македонските компании може да се надополни преку прелевање на вработените од јавниот во приватниот сектор – предлага новизбрнаиот претседател на Сојузот на Стопански комори, Горан Ѓорѓиевски. Според него , впивањето на евентуалниот вишок на службеници е едно од решенијата кој во следниот период ќе го предложат и до Владата во спротивно вели потребна ќе ни биде либерализација на увоз на работна сила. Дополнително вели мора да се намали и таканаречанта непродуктивна вработеност, а во однос на минималецот Ѓорѓиевски потенцира дека мора да има одржлив баланс кога се работи за платите.

„Доколку не се овозможи ваков транфере на вработени тогаш ќе треба да се овозможи сериозна либеарализација на увозот на работна сила од надоврешните држави....Најголем проблем во државата според мене нее бизнисот туку администрацијата затоа што ние мора да научиме во нашето општество бидејќи се стремиме кон ЕУ дека мора да работиме – мора да сребаотиш и врз основа на тоа што ќе го испорачаш ќе добиеш плата...веќе во приватните компании секој што е квалитететен работник има одлична плата... “ - Горан Ѓорѓиевски – претседател на ССК.

Ѓорѓиевски одговрајаќи на новрнаско прашање во однос евентуални нови владини мерки за да се спречи понатамошен раст на цените на прехранебни и непрехранбени прозиводи нагласи дека бизнисот не е за замрзнување на маржи или цени туку за пазарно формирање на цените. Дополнително увери дека во следниот период цената на лебот останува стабилна...

„Оваа година имаше добра жетва и стабилна е цената на печницата и мислам дека до крајот на годината така ќе биде. И жетвата во Укрина и Русија се движи непречено и покрај војната и во оснос на суровото сончогледово масло, мислам дека сето тоа е стабилизрано...нема да има некој флуктуации на пченицата и сончогледовото малсо како суровини кои учествувват во голем дел... “-- Горан Ѓорѓиевски – претседател на ССК.

Новото раководство на комората најави дека во периодот кој следи ќе се направи и ревизија за работењето на нивните претходници, а главни цели доколку, како што рече Ѓорѓиевски сакаме повисок економски раст ќе треба да бидАТ стимулирани малите и средни претпријатија. Тие како комора ќе се залагаат и за целосна дигитализација, инвестиции во обновливи извори на енергија, поволни кредитни линии за компаниите, поголемо домашно производство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Фудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.

Познати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачка

Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки.

За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес.

„Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган.

Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска.

Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина.

На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација.

Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер