Трамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протести
1Трамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протести
Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
2Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
МакедонијаЃорѓиевски: Културната иднина на градот не може да се создава зад затворени вратиКафе - дебата ,,ЕПК 2028 - Културното наследство и современата културна динамика“.Денес, на моја огромна чест, одржавме конструктивна и многу плодна дебата со експерти од областа на културата, универзитетски професори и културни работници од кои произлегоа многу идеи, во организација на Европското движење во Македонија и градот Скопје. Скопје 2028, титула која ја доби нашиот главен град е пресвртна точка во начинот на кој го замислуваме, чувствуваме и развиваме Скопје. Затоа овој процес е отворен, инклузивен и заснован на дијалог. Културната иднина на градот не може да се создава зад затворени врати. Мора да ја градиме заедно со институциите, независната културна сцена, академската заедница, уметниците, младите и граѓаните. Посебно важно е културното наследство да го гледаме како жив ресурс. Наследството не е само она што го чуваме, туку и она што го разбираме, го оживуваме и го пренесуваме во иднината. Скопје има богати историски, архитектонски, духовни и културни слоеви, кои треба да ги поврземе со современата уметност, јавниот простор, дигиталната култура, образованието, туризмот и новата урбана енергија. Културната ревитализација е нов живот во институциите, маалата, парковите, музеите, јавните простори и независните културни центри. Кога инвестираме во култура, инвестираме во луѓето, во градот и во неговата иднина. Затоа, успехот на Скопје 2028 нема да се мери само според тоа што ќе се случи во 2028 година, туку според тоа што ќе остане по неа - посилни институции, подобра културна инфраструктура, активни јавни простори, нови партнерства и поголема доверба меѓу градот и граѓаните. Скопје 2028 е наша заедничка шанса. И наша заедничка одговорност., објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
СветТрамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протестиПредлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на прелиминарниот мировен договор потпишан во јуни, кој пропадна.Американскиот претседател Трамп вчера одговори на условите на Иран за мировен договор со свои барања иран да плати отштета за луѓето убиени во војни, напади и протести, во реторичка ескалација што веројатно ќе ги комплицира напорите за повторно отворање на Ормутскиот Теснец. Предлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на прелиминарниот мировен договор потпишан во јуни, кој пропадна. Откако започна војната во февруари, Трамп постојано осцилира помеѓу заканите за ескалација и тврдењата дека мировниот договор е неизбежен. „Ќе побараме пари за штетата што ја направија во период од 50 години“, рече Трамп во Белата куќа, велејќи дека исплатите ќе ги покријат смртните случаи и за цивилните демонстранти и за американските сили во регионот. „Значи, ако има штети што треба да се платат, мислам дека иран треба да ги плати тие штети“, рече Трамп. Цените на нафтата вчера се зголемија за 5% откако барањата ги намалија изгледите за договор за повторно отворање на Теснецот.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУапсен турски новинар: Проблемот настанал бидејќи тој излажал за трансферот на еден фудбалер?!Турскиот новинар Бурхан Џан Терзи беше уапсен поради ширење невистинити информации за трансферот на Џамал Мусиала во Галатасарај.Во светот на фудбалот сме виделе секакви работи, особено за време на преодниот рок. Трансфери на фудбалери што пропаѓаат, што не се реализираат, па дури и погрешни трансфери. Но, никој поради тоа не завршил во затвор. Сè досега, кога е уапсен турскиот новинар Бурхан Џан Терзи. 🇹🇷 INCROYABLE ! Un journaliste turc a été placé en GARDE À VUE et INTERPELLÉ DEVANT CHEZ LUI après avoir annoncé le transfert de Jamal Musiala à Galatasaray ! 😳😭 Burhan Can Terzi faisait l’objet d’une enquête pour « diffusion publique d’informations trompeuses ». Il a… — Actu Foot (@ActuFoot_) August 10, 2026 Постои и видеоснимка од апсењето, како и потврда дека тоа навистина се случило. Зошто? Затоа што тој го најави трансферот на Џамал Мусиала од Баерн Минхен во Галатасарај, и тоа во два наврати. Турскиот клуб и во двата наврати ги отфрли тие обвинувања, а потоа Терзи беше уапсен пред својот дом. Тој беше обвинет за ширење лажни информации. Помина неколку часа во притвор, по што беше пуштен на слобода. Многумина сметаат дека ова било некаков вид предупредување да внимава на информациите што ги објавува во иднина.Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзгаснат пожарот во „Средорек“, утрово горела и сендвичарница во КумановоПожарот што рано утрово избувна во кумановската населба „Средорек“ е изгаснат, соопштија од Територијалната противпожарна единица Куманово.Сигналот за пожарот бил примен во 05 часот и 35 минути , по што екипите интервенирале околу два часа. Огнот избувнал на локација со отпад и диви депонии.кумановските пожарникари утрово интервенирале и на пожар во сендвичарница на улицата „Борис Кидрич“. Во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook