Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
2Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
МакедонијаЃорѓиевски и официјално е градоначалник на Скопје, од вечерва почнува 72-часовното чистење на градотОрце Ѓорѓиевски и официјално стана градоначалник на Скопје, а од вечерва почнуваат најавените 72 часа за чистењето на градот што го најави во кампањата.Од утре изјави градоначалникот почнува со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на нивнатата состојба... Пред Град Скопје е Дејан Трајковски. Дејан дали веќе имаше примопредавање на должноста и дали Ѓорѓиевски веќе седна во неговиот кабинет? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Град Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТинејџер во мотел во Белград криел снајпер, бомби и над 100 килограми дрогаСрпската полиција вчера во Белград уапси 17-годишник, откако во просториите на мотелот што тој ги користел беа пронајдени снајперска пушка со пригушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми супстанца за која постои сомневање дека е дрога.Малолетникот, кој е од околината на Петровац на Млави, е уапсен од припадници на полицијата од Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија. Што е пронајдено при претресот При претрес на апартманот и другите простории во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца што наликува на марихуана, 3,5 килограми супстанца што наликува на кокаин и четири килограми супстанца што наликува на хероин, наведува српската полиција. Исто така, запленети се две дигитални ваги и пет куршуми за пушката. Малолетникот се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога, како и за недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. По апсењето, тој бил изведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Пожаревац. Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето, ниту за тоа кој требало да ја добие дрогата. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити се соочува со казна каква што англискиот фудбал никогаш досега не виделСопствениците на Манчестер Сити треба да бидат принудени да го продадат клубот како казна за кршење на финансиските правила, тврдат водечките личности во неколку клубови од Премиер лигата, пишува Би-Би-Си. Челниците на трите англиски прволигаши изјавија за британскиот јавен сервис дека таквата казна би била соодветна за Манчестер Сити, кој беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските прописи на Премиер лигата во периодот од 2009 до 2018 година и несоработување со истрагата. Независната комисија допрва треба да донесе одлука за казната, која може да вклучува парична казна, одземање на бодови, одземање на претходно освоени титули или дури и исклучување од лигата. Манчестер Сити ги отфрла обвинувањата и ја обжали пресудата. Англиските клубови сакаат сопствениците да го продадат Сити Еден од директорите, кој зборуваше за Би-Би-Си под услов да остане анонимен, тврди дека тој припаѓа на група клубови кои веруваат дека секоја казна против Манчестер Сити ќе биде бесмислена, освен ако неговите сопственици не бидат принудени да го продадат клубот. Тој додаде дека во случај на полесна казна ќе прашаат зошто клубовите воопшто ја финансираат Независната фудбалска регулаторна управа (ИФР). Друг лидер истакна дека прекршувањето на правилата го нарушило кредибилитетот на Премиер лигата и дека клубовите нема да можат да го остават скандалот зад себе доколку на сегашните сопственици на Манчестер Сити им се дозволи да останат во клубот. Сити беше прогласен за виновен за вештачки зголемување на приходите и прикривање загуби во износ од повеќе од една милијарда евра преку фиктивни комерцијални договори. Манчестер Сити е во сопственост на Абу Даби Јунајтед Груп, приватна инвестициска компанија во сопственост на шеикот Мансур, потпретседател и вицепремиер на Обединетите Арапски Емирати. Анонимниот извршен директор откри дека Премиер лигата побарала од клубовите да се воздржат од јавно коментирање за можни казни и да дозволат завршување на процесот. Сепак, некои клубови, наводно, јасно им ги кажале своите ставови на претставниците на регулаторното тело во приватни разговори. Тој исто така призна дека некои клубови немаат толку цврст став за казнувањето. Фактот што некои клубови сакаат невидена казна за присилна продажба ќе изврши дополнителен притисок врз претседателот на регулаторното тело, Дејвид Коган. Коган претходно оваа недела изјави пред парламентарниот комитет дека регулаторот нема да се двоуми да го истражи менаџментот на Манчестер Сити и да преземе соодветни мерки, во зависност од исходот од жалбената постапка. „Заборавете го името на клубот, заборавете ја големината на клубот, заборавете го обемот на проблемот. Не можеме едноставно да ги игнорираме нашите законски обврски кон клубот само затоа што е со одредена големина. Секако ќе мора да преземеме соодветни мерки што ги бара законот“, рече Коган. „На некој начин, доказите веќе се оценети бидејќи вината е утврдена, па сигурно ќе имаме храброст да го сториме тоа. Под претпоставка дека се исполнети потребните услови, ако не дејствуваме, тогаш која е целта на регулаторното тело за фудбал?“, додаде тој. Член 34 од Законот за управување со фудбалот му дава на регулаторното тело овластување да испита дали сопственикот на клубот ги исполнува пропишаните критериуми за чесност, интегритет и финансиска стабилност. Доколку сопственикот не ги исполнува овие критериуми, регулаторното тело може да му наложи да преземе потребни чекори за да се откаже од сопственоста во одреден рок, пред да издаде наредба за негово отстранување. Би-Би-Си го контактираше Манчестер Сити за коментар. Англискиот клуб претходно изјави дека одлуката на панелот содржи „јасни и суштински грешки во законот, принципите и фактите и дека е несигурна“. Сити, исто така, тврди дека постои „сеопфатен збир на неоспорни докази за да ги поткрепи сите негови ставови“.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: За Скопје во кое секој безбедно се враќа домаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на втората Национална конференција за безбедност на патиштата и ја истакна заедничката обврска до 2030 година да се намали бројот на загинати и тешко повредени.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на втората Национална конференција за безбедност на патиштата и ја истакна заедничката обврска до 2030 година да се намали бројот на загинати и тешко повредени во сообраќајот за најмалку 50 проценти, како и дека за Скопје е поставена уште поамбициозна цел, нула сообраќајни несреќи со смртен исход до 2030 година. - Како градоначалник, моја одговорност е да направам сѐ што е во моја моќ за секое дете безбедно да стигне на училиште и секој родител да се врати дома кај своето семејство. Во мојата програма предвидов редизајн на 50 критични крстосници и улици според докажани европски стандарди. Ќе вложуваме во подобро осветлување, јасна сигнализација и поврзани пешачки и велосипедски патеки. Моја цел е детето што тргнува на училиште да може безбедно да ја премине улицата, а човекот што користи инвалидска количка да може непречено да се движи по тротоарот. Токму затоа, уште од првиот ден, меѓу приоритетите ги ставив булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и клучката „Момин Поток“. Нивната вредност скопјани ќе ја почувствуваат секој ден кога ќе патуваат побезбедно до работа, до училиште и до дома – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски го поздрави проектот „Безбеден град“ (Safe City) на МВР кој веќе е и меѓународно награден, благодарение на министерот Панче Тошковски, кој со евидентирањето на прекршоците придонесува за поголема дисциплина зад воланот. - Правилата мора да важат за сите. А до секој што денес ќе седне зад воланот имам една порака. Да го остават телефонот. Да ја намалат брзината пред пешачки премин. Ниту едно брзање не вреди повеќе од човечки живот. Да бидеме одговорни – нагласи Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter