Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација - Канал 5

Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација

Ванчо Ѓорѓиев, професор на филозофскиот факултет при УКИМ, беше дел од трибината на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“.

Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација

Ванчо Ѓорѓиев, професор на филозофскиот факултет при УКИМ, беше дел од трибината на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, која се одржа денес, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.

„Гоце Делчев е синоним на едно време, на една епоха, на македонска борба, за македонска држава, за македонска нација“, вели Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев на трибината прочита дел од воведникот од текст од 1935 година, објавен од Кукушкото братство во Софија, по повод 32 годишнината од смртта на Гоце Делчев.

„Пред 32 години, во една херојска борба со султанската војска, беше убиен големиот македонски револуционер и апостол, Гоце Делчев. Македонскиот народ ја даде својата најскапа жртва. Во неговото лице, Македонија ја изгуби душата на револуционерна организација. Зошто гоцевата смрт беше толку скапа за Македонија? Затоа што тој беше највдахновениот, најпреданиот и најпламениот борец за слободата на својата поробена татковина. Ревносен чувар на самостојното и ослободително македонското движење и заколнат непријател на надворешните влијанија, од каде и да доаѓаат тие. Затоа македонскиот народ кога е на потера, го стигна кај село Баница, водачот на македонската револуција. Така, засекогаш престана да чука срцето на големиот македонски пионер, кој го црташе патот што води право кон слободата на македонскиот народ. Денес, ние треба да го одржуваме името на големиот апостол и револуционер на Македонија, да го возвишиме неговото дело, како знаење и поука, тоа треба да биде наш прв долг кон татковината, тоа не држи далеку од ниските соблазнувања и од трговците во македонскиот храм. Света должност на македонскиот народ и за емиграција е секоја година, да го одбележува споменот на незаборевениот македонски национален херој, Гоце Делчев, и на плеадата борци, револуционери, и оваа годишнина да се претвори во традиција, на семакедонско народно чествување. Така ќе посведочиме, дека ни е мила нашата слобода и ќе ја изразиме нашата почит и благодарност кон нашиот верен и преден учител и кон безбројните борци што ја посветиле својата младост и го дале својот живот за Македонија“, стои во извадокот кој го прочита Ѓоѓриев, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер