Ѓорчев: Со пенкало му ја напишав крвната група на дуксерот на Зијадин Села

Со пенкало му ја напишав крвната група на дуксерот на Зијадин Села за ако затреба да знаат во болницата – сведочеше попладнево пратеникот Влатко Ѓорчев во случајот за обидот за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците.

Во одбрана на обвинетиот Александар Јаневски – Тошта, генерално беше сведочењето на претеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Тој раскажа дека за брзо време по туркање и порбивање низ толпата во прес – салата како ги видел раскрвавените пратеници. За нападите кон нив решил да ги одбрани. Сведочеше дека заедно со Тошта ги бранеле народните избраници. Обвинетиот и им се прклучил на луѓето кои стоеле на вратата од прес – салата за да се спречи влез на дополнителни демонстранти. Во судницата Ѓорчев со движење и демонстрирајќи со рацете објаснуваше како ги бранел колегите пратеници. Села, прво го видел во ќошот. Но, Ѓорчев не знаеше да каже како Села се нашол во ќошот во рацете на сега обвинетите.

„После тоа не знам што се случуваше со него, но мислам дека тоа беше лицето кое го видов на подот пред мене. Направив неколку чекори напред видов дека имаше некој на подот, висок човек, но се вратив назад зашто требаше да бранам 15-20 луѓе позади мене. Јас бев тој кој координирав на некој начин, викав пополни од лево, пополни од десно“ раскажуваше пратеникот Влатко Ѓорчев, кога го прашуваше одбраната.

Откако чул дека Зијадин Села е потешко повреден, отишол кај него. На неговата блуза му ја испишал крвната група. По двочасовното раскажување на Ѓорчев за обидот на убиството на Села, од свои очи, пратеникот не сакаше да даде изјава за медиумите.

Премиеот Заев нема да сведочи, одбраната го повлекла барањето, потврди неговиот адвоат. Судњето за обидот на убиството на пратеникот Зијадин Села, продолжува за два дена.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија, Данил Петровски

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири ги оствари најавите.. 

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.

Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.

Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.

„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “

На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.

Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

Црната боја - признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената за ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.

Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1... Поточно, луѓето кои носат црна облека - и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.

Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.

Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. /МИА

притисни ентер