Ѓорчев: Фијаско на власта со справување на КОВИД-19 пандемијата

Македонија е земјата која што има најмалку вакцини во светот, а истовремено имаме најмногу мртви, и тоа 3.000 по глава на жител буквално во светот,рече Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ .

Македонија овие денови ќе дојде до една ужасна бројка која што навистина е страшна, а тоа е 3.000 починати. Никој на светот нема повеќе мртви од Македонија по глава на жител. Зошто? Затоа што во Македонија се смета во статистиките со 2.1 милион жители, а реалната бројка е 1.7, 1.8 милиони жители.

Ако реално се пресмета бројот на починати лица во Македонија уште еднаш се доаѓа до поразителната бројка, а тоа е дека со 3.000 мртви за време на корона кризата. Македонија на Зоран Заев и Венко Филипче е земјата со најмногу мртви по жител на светот.

Тоа е поразна статистика, тоа се илјадници и илјадници семејства во Македонија, тоа се 3.000 луѓе кои што починале, тоа се 3.000 погреби.

Истовремено оваа Македонија на Зоран Заев и Венко Филипче е земјата која што има најмалку вакцини во светот. Ќе ви прочитам неколку земји кои што веќе почнаа со вакцинацијата.

Пред една недела Авганистан доби 500.000 вакцини од „АстраЗенека“, стотици илјади луѓе се вакцинирани во Пакистан, 27.000 здравствени работници само во една провинција а тоа е провинцијата Синд. Вакцинацијата почна во Боливија, во Алжир, во Гвинеја која што е земја во Западниот дел на Африка, во Непал, во Индија, во Бангладеш веќе имаме вакцина и вакцинација која што е веќе 20-тина дена.

Процесот на имунизација на населението почна во Албанија пред еден месец, премиерот Рама беше првиот кој што се вакцинираше, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

За жал, Македонија е буквално најлоша во светот кога станува збор за вакцини и имунизација на населението. А, Македонија е и истовремено земја со најмногу починати по жител на целиот свет.

Тоа кажува дека имаме дебакл, фијаско на власта. Тоа кажува дека имаме огромна негрижа за здравјето на населението. И тоа кажува едноставно дека нема никаков систем, дека имаме дебакл и фијаско, а за тоа одговорност мора да има.

Зоран Заев и Венко Филипче мора да поднесат оставка, тие имаат одговорност за тоа што буквално ги оставија на милост и немилост граѓаните во оваа најголема криза изминативе неколку децении.

Истовремено би сакал да упатам и да имам еден коментар кој што се донесува на денешното примопредавање на вакцините на граничниот премин Табановце. А, тоа е следниот:

Со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е осудена да живее и да зависи од хуманитарна помош и милостина од Србија.

Србија дневно, секој ден вакцинира 30.000 луѓе. Вчера во Врање, само во Врање се вакцинирани една илјада луѓе во еден ден. А, досега на ниво на Врање имаме околу 8.000 вакцинирани.

Така што, тоа зборува за размерите на фијаското кое што ни се случува, а само пред 7-8 години Србија беше земјата која што учеше инвестиции, и економија од Македонија.

Македонија целосно потфрли. Македонија има најмалку вакцинирани на светот, а има најмногу починати од корона вирусот. Никој нема повеќе мртви, никој нема повеќе погреби и починати од Македонија. Станува збор за дебакл и фијаско на власта.


Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер