3Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор
„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
1„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ТенисЃорческа стартуваше со две победи на фјучрсот во ЕгипетМакедонската тенисерка Лина Ѓорческа почна со две победи на фјучрс турнирот во египетскиот град Шарм Ел Шеик.По триумфот во сингл, доцна синоќа заедно со Кристина Дину од Романија, како втори носителки со 2-0, по сетови 6:2 и 6:4 ги победија Елени Кардолаими од Грција и Анастасија Прибилова од Русија. Во следното коло противнички им се Гвадалупе Перез Рохас (Аргентина) и Џил Тајчман (Швајцарија). Во поединечна конкуренција Ѓорческа во 1.коло ја победи Романката Ирина Марија Бара со 2-1, по сетови 7:5; 1:6 и 6:2 и попладнево во рамките на 2.коло ќе игра против уште една тенисерка од Романија третата носителка Ана Богдан (122.место на ВТА листата). Во меѓусебните мечеви Богдан има една победа во полуфинале на фјучрс во Анталија во 2013 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45
Забава„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!Инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најлојалните и најконтроверзни навивачки на Лионел Меси, вети дека на необичен начин ќе слави доколку Аргентина повторно го освои Светското првенство. Според неа, прославата ќе го надмине сè што таа досега направила во поддршка на познатиот фудбалер. „Правев тетоважи и претходно за да ги прославам успесите на Меси, но овој пат сакам да направам нешто уште поголемо и поимпресивно“, изјави таа за Band. „Планирам нови тетоважи на интимните делови од телото и верувам дека тоа ќе биде почит што ќе го изненади и шокира светот.“ Кортез и претходно го привлече вниманието на јавноста поради нејзиното восхитување кон Меси. Таа стекна меѓународна популарност за време на неговата доминација во Барселона, кога редовно ги одбележуваше неговите успеси со фотографии, објави на социјалните мрежи и тетоважи посветени на капитенот на Аргентина. Иако е Бразилка, Сузи Кортез отворено истакнува дека навива за аргентинската репрезентација. „Секогаш повеќе се идентификував со аргентинскиот фудбал, страста на нивните навивачи и историјата на националниот тим. Јас сум голем обожавател на Лионел Меси и ја следам неговата кариера многу години.“ Покрај тетоважите, инфлуенсерката најави дека подготвува и дополнителни изненадувања за време на турнирот. „Подготвувам неколку посебни активности и изненадувања за натпреварите на Аргентина во Соединетите Американски Држави. Оние што ме следат знаат дека фудбалот го доживувам со многу страст, креативност и позитивна енергија.“ Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45
ЖивотБродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец зголемен Бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец се зголеми во текот на изминатата недела, бидејќи расте довербата во 60-дневното примирје меѓу САД и Иран, објави „Фајненшл тајмс“. Податоците за поморство од фирмата за следење „Сигнал“ покажаа дека бројот на дневни патувања што се следат во и надвор од Заливот се зголемил на осум на 1 јули, врз основа на седумдневен подвижен просек. Во поголемиот дел од конфликтот, тој број бил само еден или два. Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуниВо текот на месецот јуни, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 6165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улицата Лихнида и во Новоселски пат. На територијата на скопската општина Бутел, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 155 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира и 14 030 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со секојдневно машинско миење на скопските булевари и улици, со употреба на автоцистерни. Седум дена во неделата, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење и миење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook