Фото: Латино дивата присуствуваше на „свадбата на годината“: Во преден план беше нејзиното раскошно деколте
1Фото: Латино дивата присуствуваше на „свадбата на годината“: Во преден план беше нејзиното раскошно деколте
ТенисЃорческа и Терзијска победнички во двојкиМакедонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го заврши денешниот ден и мечевите на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик. Таа во двојки со Јулија Терзијска од Бугарија со максимални 6:0 и 6:0 во финалето ги победија полските тенисерки Кулик и Силвановиц. Со ова Ѓорческа ја одбрани титулата освоена минатата недела исто така на фјучрс во Египет. Утре Македонката во финалето во сингл ќе игра против Мариам Болквадзе од Грузија, која денеска во полуфиналето ја победи Русинката Екатерина Јашина со 6:0 и 6:2.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Шоу бизФото: Латино дивата присуствуваше на „свадбата на годината“: Во преден план беше нејзиното раскошно деколтеЏенифер Лопез беше добредојдена гостинка на „свадбата на годината“, која собра бројни ѕвезди. Нејзиното деколте го привлече вниманието на јавноста.Изминатиот викенд беше одбележан со бројни настани, но кога станува збор за светот на шоу-бизнисот, може да се каже дека свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси сепак остави силен впечаток кај светската јавност. На „свадбата на годината“, како што многумина го нарекуваат овој настан, присуствуваа бројни ѕвезди, меѓу кои и прекрасната Џенифер Лопез. За оваа пригода, Џенифер одлучи да облече впечатливо парче облека – структуриран црн фустан од брендот „BACH MAI“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината завидна фигура. Изгледот е одликуван со спој на класичен гламур и минимализам, што ја истакнува нејзината природна убавина. Секако не смее да остане незабележано бујното деколте на сексапилната Џеј Ло, како и интересните карнери во долниот дел на креацијата, кои на изгледот му дадоа разиграна нота. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВо што се вози јапонската премиерка: „Toyota“, но каква? (ВИДЕО)Јапонската премиерка избра – ќе го користи најлуксузниот теренец „Toyota“ како свое службено возило.Јапонската премиерка Санае Такачи го замени својот официјален седан „Toyota Century“ со новиот луксузен теренец „Toyota Century“. Возилото веќе е забележано на улиците на Токио, каде што премиерката е придружувана од стандардна придружба составена од седани „Lexus LS“ од претходната генерација. Новиот теренец „Century“ е целосно црн, без карактеристичната двобојна каросерија. Опремен е со сини сигнални светла, дополнителен ретровизор и, според јапонските медиуми, има одредено ниво на балистичка заштита. Претходниот официјален седан, кој беше во употреба од 2020 година, беше повлечен по достигнувањето на пропишаната километража. Јапонската влада не ја објави цената или спецификациите на новото службено возило од безбедносни причини, додека цивилната верзија на овој модел во Јапонија чини околу 27 милиони јени (околу 167.000 долари). „SUV“ моделот „Century“ користи 3,5-литарски V6 plug-in хибриден погонски склоп со вкупно 406 КС, погон на сите четири тркала и батерија од 21,3 kWh што овозможува до 69 километри електрично возење. Се верува дека премиерката го избрала „SUV“ моделот поради полесното влегување и излегување, повеќе простор и електрифициран погонски склоп, според јапонските медиуми. Извор: Б92Тагови: Toyota Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМундијалска сензација преку Инстаграм си бара нов клубНајголемото изненадување на Светското првенство, голманот на Зеленортските острови 40 годишниот Возиња бара нов клуб преку Инстаграм. На 40-годишна возраст, Возиња блесна на Светското првенство и го сврте вниманието кон себе со фантастични одбрани. Во меѓувреме, тој стана најследениот голман на Инстаграм, а нема сомнеж дека ќе се зборува за неговите одбрани, особено оние против Шпанија и Аргентина. Познато е дека Возиња немаше клуб пред заминувањето на Светското првенство, а сега се дозна дека тој ја бараше следната дестинација каде што би можел да ја заврши кариерата. Тој преку Инстаграм стапи во контакт со Родни Страсер, поранешен играч на Милан, со намера овој да му помогне да ја најде својата следна дестинација. Возиња истакна дека би сакал да одигра уште една или две сезони и додаде дека се надева оти ќе добие понуда од второлигашки клуб од Турција или Италија. „Му реков да оди на Светското првенство и да го даде својот максимум. Тој е премногу добар голман за да бара клуб на таков начин, а големата светска сцена е таква што, ако малку го привлечеш вниманието – некој ќе те забележи. Верував дека Светското првенство може да му ја промени кариерата и бев во право“, рече Штрасер и додаде: „За мене, тој е најдобриот голман на Светското првенство, а сега е и најбараниот во светот. Поуката е едноставна – никогаш не се откажувај. Верувај во себе и бори се. Возраста, потеклото или твојата ситуација се неважни. Едноставно – животот може да ти се промени преку ноќ“, вели Штрасер, раскажувајќи интересна приказна и приложувајќи снимки од екранот што ја потврдуваат нејзината веродостојност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter