Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
1Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ТенисЃорческа ги заврши настапите во Анталија Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ги заврши настапите на фјучрс турнирот во Анталија, откако беше поразена во поединечна конкуренција во четвртфиналето и во двојки во полуфиналето. Ѓорческа во поединечна конкуренција загуби од Романката Диана Бузеан со 2:1 во сетови (6:4; 1:6; 6:4). Нашата тенисерка од истата противничка и лани беше елиминирана на фјучрс турнир во Анталија истотака во четвртфинале. Ѓорческа денеска испушти победа откако во решавачкиот сет водеше со 4:2 во гемови. Слаба утеха за неа е тоа што освои повеќе поени во мечот (100:96). За пласманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе освои два поена. Во игра на двојки таа и Пиа Кониг од Австрија загубија од тенисерките од Грузија Екатерине Горгодзе и Софија Квацабаја со 2:0 (6:4; 7:6 (7:4)). Ѓорческа следната недела ќе игра на уште еден фјучрс во Анталија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната годинаСо почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава. Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали. Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете. Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година. Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛеао во Галатасарај? Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб. Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност. Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредениЕдно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс. „Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос. BREAKING: 2 people killed and 8 wounded in a car-ramming attack in Caen, France tonight. A man born in Russia, named Ibrahim I., deliberately drove a car into a group of people waiting at a bus stop. pic.twitter.com/0NhSkR3rtl — Visegrád 24 (@visegrad24) August 27, 2026 Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати. France under attack: a criminal rams a car into a crowd in Caen. Several dead and numerous injured. pic.twitter.com/cP6W4AoGBt — RadioGenoa (@RadioGenoa) August 27, 2026 Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter