Ѓорческа финалистка на фјучерсот во Осиек - Канал 5

Ѓорческа финалистка на фјучерсот во Осиек

Ѓорческа на патот до финалето забележа четири победи и сите во два сета ги доби со 2:0. 

Ѓорческа финалистка на фјучерсот во Осиек

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе игра ново финале во поединечна конкуренција, а нејзина противничка на фјучерсот во хрватскиот град Осиек, што се игра за награден фонд од 25.000 долари, ќе биде 18 годишната Романка Анка Алексиа Тодони, рангирана на 435 место ВТА листата.

Ѓорческа на патот до финалето забележа четири победи и сите во два сета ги доби со 2:0. Во првото коло беше подобра од Романката Сабина Дадациу со 62 и 63 во сетови, а во следната рунда ја совлада домашната тенисерка Силвија Њириќ со 63 и 60. Во четвртфиналето ја победи Русинката Викторија Кан со 62 и 62, додека во полуфиналето беше поуспешна од Илинка Далина Амариеи со 75 и 64.

Ова за Ѓорческа е 32. ро финале во сингл во кариерата (12-19 победи-порази), а трето финале во 2023 година. Ги загуби финалните мечеви во Талин и во Куршумлијска Бања./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полска со понуда до Вашингот за отворање на воена база на нејзина територија

Министерството за одбрана на САД е отворено за понудата на Полска до Вашингтон да отвори постојана воена база во  источноевропската земја, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш .

Полска со понуда до Вашингот за отворање на воена база на нејзина територија

Министерството за одбрана на САД е отворено за понудата на Полска до Вашингтон да отвори постојана воена база во источноевропската земја, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш по средбата со својот американски колега Пит Хегсет во Брисел.

Полска се залага за поголемо присуство на сојузниците на источното крило на НАТО уште од почетокот на руската инвазија на соседна Украина во 2022 година.

„Денес имав можност да разговарам со министерот за војна, разговаравме за колективна одбрана и соработка“, изјави Косињак-Камиш пред новинарите во Брисел.

„Соединетите Американски Држави позитивно одговорија на предлогот на Полска за воспоставување постојана американска воена база во Полска“, рече полскиот министер. Сè уште не е донесена одлука, додаде тој. Американските трупи стационирани во Полска моментално редовно се ротираат.

Во четврток, Хегсет објави преглед на распоредувањето на американските сили во Европа и се закани дека ќе ги суспендира некои од американските обврски кон НАТО доколку „млитавите“ сојузници не ги исполнат своите обврски за трошоци за одбрана. Обраќајќи се пред министрите за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет рече дека прегледот на САД ќе трае до шест месеци и ќе вклучува консултации со Конгресот на САД, кој донесе закон за ограничување на бројот на американски сили во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка во Германија си го заборавила бебето во автомобил- девојчето починало

Во Шорндорф, град во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, 20-месечно девојче почина откако беше оставено со часови во автомобил . 

Мајка во Германија си го заборавила бебето во автомобил- девојчето починало

Според првичните информации, детето било оставено во возилото од нејзината мајка. Криминалната полиција и канцеларијата на државниот обвинител започнаа истрага, пишува Берлинер Цајтунг.

Истрага против мајката

Полициската управа во Ален извести дека добила пријава за безживотно дете во автомобил паркиран на Рихард-Кафан-Штрасе околу 14:50 часот во среда.

Според досегашните информации, 44-годишната мајка го пронашла малото девојче во возилото дури попладне, неколку часа откако го оставила таму. Канцеларијата на државниот обвинител во Штутгарт потврди за германската новинска агенција дека мајката е под истрага поради сомнение за убиство од небрежност.

Обидот за реанимација бил неуспешен

Иако службите за итни случаи веднаш започнаа со мерки за реанимација по пристигнувањето на местото на настанот, обидите за нејзино оживување беа неуспешни и девојчето почина. Истрагата за точните околности на смртта ја презедоа криминалистичката полиција од Вајблинген и државното обвинителство во Штутгарт, кои изјавија дека интензивно работат на случајот.

Наредена е обдукција на телото на починатото девојче за да се утврди точната причина за смртта. Истражителите сè уште не објавија никакви информации за можните причини зошто мајката го оставила детето во автомобилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Жешко“ на трибините: Никој не гледа фудбал поради навивачка на Конго (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Конго и Португалија заврши без победник (1:1), но резултатот на семафорот беше донекаде засенет од една атрактивна дама на трибините која стана апсолутен хит на социјалните мрежи.

„Жешко“ на трибините: Никој не гледа фудбал поради навивачка на Конго (ВИДЕО)

Додека играчите се бореа на теренот, вниманието на сите присутни, како и на ТВ камерите, го украде атрактивна конгоанска навивачка. Опремена со знаме и облечена во минијатурен син топ кој едвај ги држеше нејзините бујни облини, оваа убавица не штедеше енергија бодрејќи ги своите момчиња.

Во моменти на еуфорија, по постигнатиот гол на крајот од првото полувреме, таа почна енергично да скока, а оваа глетка никого не остави рамнодушен. Нејзините величествени гради „танцуваа“ во ритамот на навивањето, што предизвика вистински транс кај навивачите во нејзина близина.

Камерата ги сними лицата на мажите околу неа кои буквално не знаеја каде попрво да погледнат - кон теренот или кон нејзиното деколте кое се закануваше да „експлодира“.

Иако Конго успеа да ремизира против моќната Португалија и одигра 1:1, се чини дека овој натпревар ќе се памети исклучиво по „најсилните атрибути“ од трибините што го запалија интернетот.

И не само таа, туку и другите навивачи на овој африкански тим кои доминираа на трибините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер