Ѓоковиќ за Пикачу теоријата: Дали тоа намерно го направи Семоќниот - Канал 5

Ѓоковиќ за Пикачу теоријата: Дали тоа намерно го направи Семоќниот

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен, првиот Грен слем турнир годинава, кој го има освоено рекордни 10 пати.

Ѓоковиќ за Пикачу теоријата: Дали тоа намерно го направи Семоќниот

Српскиот тенисер, рекордер со 24 Грен слем титули и за многумина најдобар на сите времиња, во првото коло со пресврт го совлада Американецот Нишеш Басавареди. Натпреварот заврши 4:6, 6:3, 6:4, 6:2 и траеше 2 часа и 59 минути, објави Индекс.

YouTube video

Ѓоковиќ неодамна се појави на првиот турнир во сезоната во Бризбејн со покемон пикачу и покебол на чантата. Пикачу е 25-тиот Покемон во Покедекс, а Покетопчето се користи за собирање Покемони. Многумина ова го протолкуваа како Ѓоковиќ сака да каже дека целта е освојување на својот 25-ти Грен слем во Мелбурн.

„Ми е интересно, навистина ме забавуваше. Искрено, не го направив тоа намерно. Дали Семоќниот го направи тоа намерно, како пред неколку години со оние 22 пати во Аделаида...“, изјави тенисерот за новинарите. Да потсетиме, по победата на Аделаида во 2023 година, Ѓоковиќ 22 пати се удри со прст по главата. Неколку недели подоцна тој го освои Австралија опен, неговиот 22-ри Грен слем.

„И тоа не беше намерно, барем не свесно. Веројатно беше на некое симболично и несвесно ниво“, рече тој тогаш. Ѓоковиќ беше седми носител на овогодинешниот Австралија Опен. Во следното коло ќе игра против португалскиот квалификант Хамес Фариа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли.

Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика.

Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација“, вели во видео членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски.

„Го прашувам директорот на ЈП Македонија пат, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? Зарем 2 години не му беа доволни?“, прашува Јанкоски.

ЛДП предлага веднаш и без одлагање да се постават М-ТАГ уредите на сите патарини во државата и да се олесни сообраќајот на сите клучни патишта во Македонија.

„Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, завршува Јанкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер