Ѓоковиќ воодушеви со коментарот, откако тинејџер му го одзеде тронот во АТП - Канал 5

Ѓоковиќ воодушеви со коментарот, откако тинејџер му го одзеде тронот во АТП

Карлос Алкараз (19) ноќта од неделата кон понеделникот го победи Данило Медведев со 6:3, 6:2 во финалето на Индијан Велс за трета титула на Мастерсот во неговата кратка кариера и уште поважно враќање на светскиот трон.

Ѓоковиќ воодушеви со коментарот, откако тинејџер му го одзеде тронот во АТП

На новата АТП ранг листа, која излезе во утринските часови, број 1 е шпанскиот тинејџер.

Го тргна од врвот 16-години постариот српски шампион. По освојувањето на Индијан Велс, Алкараз достигна 7.420 бодови, додека Новак Ѓоковиќ доби забрана за учество на Мастерсот во Мајами и Индијан Велс поради неговото одбивање да се вакцинира против корона вирусот, па остана на 7.160 бодови. По тој повод, Ѓоковиќ на Си-Ен-Ен го прекина медиумскиот молк, кој траеше откако му беше забрането учество на големите американски турнири.

„Честитки за Алкараз. Апсолутно заслужи да биде број 1“, изјави Ѓоковиќ откако брилијантното момче го симна од тронот. Сепак, на Алкараз нема да му биде лесно да го задржи првото место, бидејќи брани 1000 бода во Мајами и само ако ја освои титулата таму ќе го задржи бројот 1. Ако во тоа не успее, Ѓоковиќ ќе се врати таму пред сезоната на земјата. А на неговиот почеток следува спектакл.

Од 9 април Мастерсот во Монте Карло со Ѓоковиќ, Алкараз и закрепнатиот Надал. Србинот таму започнува голема битка против двајцата Шпанци. Алкараз го чека во борбата за број 1, а Надал на Ролан Гарос, па еден од нив треба да избие на првото место по бројот на освоени Грен слемови, бидејќи моментално се изедначени со 22 секој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер