Ѓоковиќ во Виена убедливо загуби од ,,среќен губитник”

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен во четвртфиналето на турнирот во Виена од Италијанецот Лоренцо Сонега, 42. играч на светот, со 6: 2, 6: 1.

Ова беше нивна прва средба. Ѓоковиќ во кариерата играл 12 пати против „среќните губитници“ и никогаш не загубил.

Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето по победите против Филип Крајиновиќ и Борна Чориќ, обезбедувајќи го првото место на крајот од оваа тениска година.

Српскиот тенисер имаше само 7 винери и дури 25 неизнудени грешки, кои ретко му се случуваат. На почетокот на мечот беше јасно дека нешто не е во ред, кога дозволи два брејка и веднаш заостана со 4: 0.

Успеа да постигне бод дури по шестиот сервис. Италијанецот лесно го однесе првиот сет, а во вториот се случи истата приказна, два брејка и 1: 5, по што Италијанецот ја оствари најголемата победа во кариерата.

Шпанскиот крал во самоизолација поради ризичен контакт

Шпанскиот крал Фелипе VI се самоизолирал откако стапил во контакт со лице кое имало позитивен тест на Ковид-19, објави палатата.

„Лицето со кои бил во контакт вчера денес е позитивно на Ковид-19“, се наведува во соопштението од кралската палата во кое се додава дека 52 годишниот крал ги суспендирал сите службени актривности на 10 дена.

„Согласно здравствените правила, тој 10 дена ќе помине во превентивен карантин“, се вели во сооштението, пренесе „АФП“.

Кралицата Летиција и ќерките на кралскиот пар Леонор и Софија ги продолжуваат своите активности.

Престолонаследничката Леонор (15) помина две недели во самоизолација во септември, откако беше откриена инфекција со Ковид-19 меѓу нејзините колеги. Подоцна таа била негативна.

Шпанија е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавируси со повеќе од 1,5 милиони заразени и над 43.000 смртни случаи.

Трамп на кратко се појавил пред новинарите, не зборувал за изборите

Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19, рекол Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамо денес на кратко се појави на конференција за новинари во Белата Куќа и не проговорел ниту збор за изборите, пренесе сајтот „ Politico“.

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс денес скокнал за повеќе од 500 поени, надминувајќи ја границата од 30.000 бодови, за што говорел и Трамп.

-Тоа се свети бројки. Никој не помисли дека некогаш ќе се видат тие бројки, рекол кратко Трамп, пренесе „Танјуг“.

Претседателот на САД не одговарал на новинарски прашања, а едиствено ја прокоментирал вакцината против Ковид-19.

- Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19. Тоа е апсолутно неверојатно, рекол Трамп.

Видео: Младоженец случајно ја удри невестата и ја уништи венлавката

Еден младоженец случајно ја уништи сопствената венчавка кога ја удрил со нога својата сопруга директно во лице додека изведувал танц за неа.

Овој невообичаен танц кој младоженецот Адам Гаудет реши да и го приреди на неговата сопруга Микаела заврши неочекувано. Тој ја удри во лица и на тој начин ја уништи соспствената свадба.

Тие се решиле да го споделат видеото на социјалната мрежа Тик Ток под наслов „Како мојот сопруг ја уништи нашата венчавка“ каде што тоа стана вирално.

притисни ентер