Ѓоковиќ влезе во историјата: Го освои завршниот Мастерс и го надмина Федерер - Канал 5

Ѓоковиќ влезе во историјата: Го освои завршниот Мастерс и го надмина Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на АТП финалето, завршниот турнир на осумте најдобри светски играчи, кој годинава се играше во Торино, по шести пат во неговата кариера.

Ѓоковиќ влезе во историјата: Го освои завршниот Мастерс и го надмина Федерер

Тој во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 7:5, 6:3. За Ѓоковиќ ова е прва Мастерс титула по 2015 година. Со овој триумф се израмни со одличниот Швајцарец Роџер Федерер на првото место по бројот на титули на овој престижен турнир.

Вкупно ова е 91. освоен турнир на Ѓоковиќ во кариерата до кој стигна во 130. финале. Исто така, 35-годишниот Ѓоковиќ стана веројатно најстариот победник во 52-годишната историја на Мастерсот. Претходниот рекордер беше на Федерер, кој последната титула ја освои во 2011 година на 30 години.

Еден брејк во секој сет беше доволен за победа на Ѓоковиќ. Првиот го постигна во последниот гем од првиот сет, а вториот сет со резултат 2:1. Во исто време, тој не му понуди на Руд ниту една можност да му го одземе сервисот.

Со одличниот настап на завршниот Мастерс, српскиот тенисер обезбеди скок на АТП листата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Патнички воз во Есекс, источна Англија, излета од шините денес, помалку од 24 часа откако во сличен инцидент во воз на релација Лондон-Истборн беа повредени 20 лица.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф.

Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако лидерите во индустријата инсистирале дека железниците се безбедни за употреба во топло време.

Инцидентот се случил на најжешкиот ден во годината, кога температурите достигнале 38 степени Целзиусови.

Сликите од местото на несреќата покажуваат дека возот тргнувал од Саутенд Викторија кон Лондон Ливерпул Стрит во 13:51 часот.

Засега нема информации дали има повредени во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес известија за прекини на електричната енергија, кои се случија „поради ненадејна промена во протокот на енергија“ од централноазиската мрежа, објави Министерството за енергетика на Казахстан.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Министерствата за енергија на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната енергија. Тие изјавија дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Репортерите на Ројтерс во Алмати, најголемиот град во Казахстан, и Бишкек, главниот град на Киргистан, известија за прекини на електричната енергија. Локалните медиуми во Таџикистан известија за прекини во главниот град Душанбе и вториот по големина град Хуџанд.

Прекините на електричната енергија се чести во Централна Азија

Узбекистанските власти известија за прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан.

Недостатокот на електрична енергија е честа појава во Централна Азија, каде што традиционалното потпирање на хидроенергија предизвикува проблеми бидејќи климатските промени ги прават хидроцентралите ранливи на недостиг на вода.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер