На Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и вие
2На Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и вие
ТенисЃоковиќ: Среќен сум што играм на високо нивоНајдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна Мастерсот во Шангај.Тој во второто коло со 2:0 во сетови го совлада францускиот тенисер Жереми Шарди. - Многу сум среќен што играм на високо ниво. Мислам дека сум многу блиску до мојата најдобра форма. Тежнеам секој ден да бидам што подобар и денешниот настап беше во таа насока, истакна Ѓоковиќ по натпреварот. Во следното коло српскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Марко Чекинато и Хјеонг Чунг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаВЛЕН се пофали со работата во досегашниот мандат, ДУИ критикува дека нивниот учинок е „ништо“Под мотото „ВЛЕН – 24 месеци работа: транспарентност и отчетност“, партијата се пофали со успесите од сработеното во претходните две години... Опозициската ДУИ пак одржа прес-конференција во која криткуваше дека учиникот на вреди е ништо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко ФилипчеПретседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии.По новите обвинувања од СДСМ, Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии. „Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови. Колку тоа ЗНАМ се распаѓа, најдобро гледаат медиумите и граѓаните на трибините што ги организираме низ Македонија, каде салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани“ - изјави Димитриевски. Тој истакна дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички спинови и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики поради кои ја изгуби довербата на граѓаните, оценувајќи дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај. „За нив можам да кажам само едно - тоа е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче“ - истакна Димитриевски. Претседателот Димитриевски потенцираше дека најсилниот одговор на ваквите напади е сè поголемата поддршка што Движењето ја добива на средбите со граѓаните низ целата држава. „Ние нема да се занимаваме со спинови и измислици. Ќе продолжиме да разговараме со граѓаните, да нудиме решенија и да работиме за европска Македонија со силни институции, национално достоинство и одговорна политика.” - заклучи Димитриевски. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МетеоНајниски 22 степени се измерени на Попова Шапка, во Велес највисоки 39 степениДенеска најтопол град во Мекедонија бил Велес со измерени 39 степени, соопшти УХМР.Измерени се 22 степени на Попова Шапка, 26 Крушево, 28 Лазарополе, Маврови Анови, 30 Претор, 31 Берово, 32 Охрид, Прилеп, Крива Паланка, 34 Битола, Тетово, 35 Струмица, Гевгелија, 36 Виница, 37 Штип, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, 38 Скопје- Петровец, Кавадарци, 39 Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Сончево и топло со мала до умерена локална облачноста. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладнево ќе се задржи сончево и топло со променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топла воздушна маса од југ до вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook