Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
1Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
215 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
ТенисЃоковиќ: Секогаш постои можност да се напредуваПо зачестените сомнежи за тоа дали воопшто Новак Ѓоковиќ може да се врати во старата шампионска форма, особено по елиминацијата во раната фаза на турнирите во Индијан Велс и Мајами, се засилија и гласините дека поранешниот најдобар светски тенисер се уште не е подготвен за игра на повисоко ниво.Ѓоковиќ, кој во моментот тренира за Мастерсот во Монте Карло, каде ќе се обиде да го поправи впечатокот, се огласи по тој повод. - Сакам само со вас да споделам нешто едноставно, на што секогаш се потсетувам. Без разлика колку сте добри во нешто, сепак, секогаш постои можност да се научи ново, да се напредува, да се истражува... Затоа секогаш мора да ја држите главата исправена, напиша Ѓоковиќ на Твитер. Според најдобриот српски тенисер, во животот е важно да се има амбиција и да се напредува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
СветТрамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште. Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана. -Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаПо Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор Шабан Салиу, поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите, доби нова владина функција - Национален координатор за следење на стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.Салиу ја добива оваа функција истовремено со Зоран Љутков кој беше назначен за Национален координатор за култура. И двајцата за време на реконструкцијата на владата беа разрешени како министри - едниот без ресор, а другиот за култура. Салиу, инаку, е на обвинителна клупа во големиот предмет за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој е еден од обвинетите поранешни директори на дирекцијата за заштита и спасување, институција со која раководел во периодот од 2012 до 2017 година и која, според обвинението, не извршила ниту една инспекција во дивата дискотека.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter