Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен - Канал 5

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Португалецот Џејми Фариа во второто коло на Австралија Опен 2025 година.

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Мечот одигран рано утрово траеше три часа и заврши со резултат 3:1, по сетови 6:1, 6:7 (4:7), 6:3 и 6:2.

Во третото коло, поранешниот светски рекет број 1 ќе се соочи со Чехот Томаш Мачац.

Грен слемот во Мелбурн, се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно 17-то издание на Фестивалот РАДИКА ФЕСТ 2026

Пред прекрасната публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, се одржа 17 - тото издание на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026.

Успешно 17-то издание на Фестивалот РАДИКА ФЕСТ 2026

На самиот почеток на фестивалот познатиот дебарскиот композитор Зинче Мимидиноски инаку директор на Фестивалот Радика Фест 2026, ги поздрави сите присутни гости, а на учесниците им посака многу успех.

На фестивалот настапија деца и автори од Дебар, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид како и автори на текстови од повеќе градови од републикава и тоа Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Крива Паланка, Битола, Прилеп при што се изведоа 13 нови авторски композиции.

Од страна на стручното жири на фестивалот се доделија награди од стручното жири, награда од публиката, награда за најдобар вокал, награда за најдобар сценски настап, награди за бест хит, награда за бест талент и награда за бест јуниор талент.

Победник на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026 е Бида Оручоска од Косоврасти која ја испеа прекрасната песна ”Сонце во нас”. Нејзиниот прекрасен настап со прекрасна интерпретација ги воодушеви присутните посетители. Првотото место од публиката го освои Ада Кадриоска од Бороец, за најдобар вокал беше прогласена Џана Ибраимоска од Дебар, за најдобар сценски настап беше прогласена прекрасната и волшебна Мелда Кадри од Дебар.

Гости во програмата на Фестивалот беа прекрасната фолклорна група Скудриње од Општина Маврово Ростуше како и триото Аниса, Есра, Џансу од Општина Центар Жупа,

Фестивалот финансиски беше поддржан од: Министерство за Култура и Туризам, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, ТД Боград Струга ДОО, Арсенал Дооел Струга, ТД Гајрет с.Лабуништа Струга, Дооел Јасен Подгорци, Струга помогната и од Центар за култура – Дебар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училишта

Популарната и најмасовна детска трка „Трчај бе“ денеска донираше спортски реквизити за основните училишта во Општина Битола. 

„Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училишта

Донацијата се состои од кошаркарски, ракометарски, топки за одбојка и за фудбал.

Вредно е да се напомене дека „Трчај бе“ секоја година им овозможува на ученици од социјално ранливи категории од основните училишта и деца од градинките да учествуваат во детската трка без котизација, со што ја

покажува општествената одговорност кон сите во заедницата.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Корупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјата

Украинската даночна служба објави дека открила траги од голема шема на одлив на капитал и перење пари преку лажно претставена меѓународна трговија вредна околу 4,5 милијарди долари, во која биле вклучени илјадници фиктивни компании.

Корупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјата

Повеќе од 2.300 украински компании извршиле сомнителни трансакции со странство, по што многу практично исчезнале од деловните евиденции, објавува „Киев Индепендент“.

Даночната служба наведува дека сомнежот го предизвикале компании чии сопственици или директори истовремено управувале со стотици други компании.

Директорката на Украинската државна даночна служба, Лесја Карнаух, изјавила дека се идентификувани седум лица кои истовремено биле основачи или директори на повеќе од 500 компании, додека вкупно повеќе од 7.000 деловни субјекти биле под нивна контрола.

Истрагата, исто така, покажала дека многу сомнителни компании користеле исти IP адреси, поднесувале извештаи од споделени компјутерски мрежи и биле регистрирани на идентични адреси.

Во Киев, 20 компании биле регистрирани на една адреса, додека во Лавов, две адреси биле седиште на 10 и 13 компании. Случајот беше откриен откако Украинската централна банка пријави голем број прекршувања на пропишаните рокови за завршување на меѓународните платни трансакции во периодот од 2024 до првиот квартал од 2026 година.

Даночната служба подготви аналитички извештаи за 557 компании и ќе ги проследи до украинското обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошните чекори.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер