Ѓоковиќ се изнамачи додека го победи 130. тенисер на АТП листата - Канал 5

Ѓоковиќ се изнамачи додека го победи 130. тенисер на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше многу потежок меч од очекувањата на стартот на АТП турнирот во Дубаи, дури по три сета го совлада чешкиот Томаш Мачач со 6:3, 3:6, 7:6(1).

Ѓоковиќ се изнамачи додека го победи 130. тенисер на АТП листата

За Ѓоковиќ, првиот играч од АТП-листата, ова беше прв меч по победата на Австралија опен, а 22-годишниот Чех, инаку 130-ти на АТП рангирањето, направи сѐ што можеше за да биде што покомплицирано.

Мачач го доби вториот сет, а потоа во првиот гем од третиот сет имаше уште една можност за брејк. Таа шанса не ја искористи и потоа Ѓоковиќ побегна на 4:1. Но, Мачач во тој момент не се откажа. Го врати брејкот и израмни на 4:4, а одлуката беше решена во тај-брејкот, каде Ѓоковиќ не дозволи сензација на стартот од турнирот.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против Холанѓанецот Талон Грикспур, а лесен старт на турнирот имаше третиот носител Даниил Медвједев кој го победи Италијанецот Матео Арналди со 6:4, 6:2.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

По вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба.

Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

На две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер