Ѓоковиќ: Првото место главната цел до крајот на годината

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека неговата главна цел е да ја заврши годината на чело на АТП листата.

Србинот денеска го победи италијанскиот тенисер Марко Чекинато и обезбеди четвртфинале на Мастерсот во Шангај. Евентуално освојување на трофејот ќе значи доближување до водечкиот на АТП Надал на само 35 бода.

- Ќе сторам се за да бидам број еден повторно. Тоа е веројатно највисоката цел до крајот на сезоната. Многу сум задоволен од формата во која се наоѓам, истакна Ѓоковиќ по пласманот меѓу осумте најдобри во Шангај.

Негов ривал за место во полуфиналето ќе биде Кевин Андерсон од Јужноафриканската република.

Олимпискиот оган дочекан со спектакуларна парада во Марсеј

Историскиот едреник со три јарболи „Белем“ денеска го донесе олимпискиот оган во Франција, пречекан од 1.024 бродови на спектакуларна парада во пристаништето во Марсеј, точно 79 денови пред почетокот на Игрите во Париз.

Звуци на гајди, сирени и труби се слушаа од бродовите кои го славеа пристигнувањето на олимпискиот факел, дванаесет денови откако „Белем“ исплови од Грција.

Бродот „Белем“ е изграден во 1896 година, годината кога се одржаа првите модерни Олимписки игри.

Свечената парада во Марсеј ќе трае до 17 часот, а на церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 150.000 луѓе.

Околу „Белем“ има силни безбедносни мерки. Мобилизирани се 6.000 полицајци и четириесетина чамци за да се обезбеди непречено одвивање на парадата.

Прв носител на олимпискиот факел во Франција ќе биде пливачот Флоран Манаду.

Штафетата ќе тргне кон Париз в четврток пренесувана од поранешните фудбалери на Олимпик, Жан-Пјер Папен, Дидие Дрогба и Базиле Боли, а меѓу носителите ќе биде и познатиот готвач Александре Мациа.

Повеќе од 10.000 луѓе ќе бидат вклучени во пренесувањето на олимпискиот факел пред пламенот да стигне во Париз и да биде поставен во близина на Лувр.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи на реката Сена на 26 јули.

Европол: Во Шпанија уапсена група која пренела повеќе тони кокаин од Јужна Америка

 Шпанската цивилна гарда уапсила 20 лица осомничени дека увезле неколку тони кокаин и листови од растението кока од Јужна Америка во Шпанија, соопшти денеска Европол.

Полицијата изврши рација на 27 различни имоти во Мадрид, Понтеведра и Коруња. Во предградието на Мадрид е откриена и лабораторија за производство на кокаин со капацитет за производство на 100 килограми месечно, а во неа се запленети 21 барел течни и цврсти хемикалии кои се користат за производство на кокаин.

Запленети се и три милиони евра во готовина, како и имот вреден 10 милиони евра во кој има куќи, возила и пловни објекти.

Полицијата се сомнева дека оваа криминална група, која ја сочинуваат 19 Шпанци и еден Колумбиец, превезувала нелегална стока со едрилици и катамарани до неколку пристаништа на брегот на Галиција.

Во рацијата биле запленети 50 килограми кокаин, еден килограм хероин, 1,7 килограми хашиш, еден килограм розев кокаин, 10 килограми марихуана, 750 килограми амфетамин МДМА и 10.000 таблети екстази.

Во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто, во Вевчани 21 процент

- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.

За парламентарните избори во Струга и струшко до 11 часот излезноста е девет отсто, додека за вториот круг од претседателските седум проценти, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Во Вевчани, според претсетдателката на ОИК Менче Кукоска, гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.

- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.

Во двете општини, како што посочија претседателите на ОИК, гласањето се одвива тековно, без нарушувања.

притисни ентер